Во американскиот град Денвер е претставен прототипот на суперсоничниот патнички авион кој е револуција во авиосообраќајот. Неговите дизајнери го нарекуваат „Бејби бум“ и велат дека отсега летот од Лондон до Њујорк ќе трае три и пол часа. Повратниот билет ќе чини пет илјади долари.
ХБ Суперсоник демонстратор изгледа како мини Конкорд и се очекува дека првиот тест-лет ќе го има следната година во Калифорнија.
Авионот ќе развива брзина од 2,3 илјади километри на час. Ќе има 40 седишта и ќе иде 10 пати побрз од авионот Конкорд и 2,6 пати од другите авиони.
Седиштата ќе бидат поставени во два ред, во секој ќе има по едно седиште така што секој патник ќе има поглед од прозорец. Секој ќе има простор за рачен багаж.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.