| четврток, 6 декември 2018 |

Хипоспадија: Болест на пенисот која мачи многу момчиња, а ретко кој бара помош

Хипоспадија е вродена аномалија на пенисот која се забележува уште на самото раѓање. Настанува како грешка во ембрионалниот развој во периодот од 10 до 20 недела од бременоста. Имено, се работи за дислокација на отворот на пенисот, т.е. тој не се наоѓа на врвот на главата на пенисот каде што е неговата нормална анатомска локација, пишува „За се“.

Еден од 300 млади момчиња се раѓа со хипоспадија, вродена мана на пенисот, при која мочниот канал (уретрата) се наоѓа надвор од главичката.

Иако ова ги мачи голем број момчиња, ретко кој отворено признава дека има проблем. Мочниот канал при оваа состојба, наместо да се наоѓа на средината, се наоѓа во близина на коренот на пенисот, а понекогаш поради ова пенисот е свиткан, со што се оневозможува стоечко уринирање.

Мажите кои патат од оваа состојба најчесто имаат многу мали пениси, што им предизвикува траума, како во детството, така и во зрелото доба, кога доаѓа време за сексуални односи.

Овој проблем денес лесно се третира, иако мажите ретко се одлучуваат да се обратат на лекар за помош. Додека во минатото лекарските интервенции кај пациентите предизвикувале ужасни болки, блокада при уринирањето, а понекогаш минувале е неуспешно, денес со модерни техники овој проблем може хируршки да се реши релативно лесно и безболно.

Џејмс (39) е еден од мажите кој пати од хипоспадија а својот проблем го криел само за себе. Вели дека дури на интернет форумите открил дека има голем број мажи со истиот проблем.

-Оваа болест е многу повеќе од неможност за нормално уринирање. Тоа е навреда на достоинството, раскажува Џејмс.
Тој имал проблем и со сексуалните односи, наспроти тоа што на првата операција отишол кога имал само 9 месеци:

-Многу татковци просто не можат да прифатат дека не „направиле“ „нормален“ син, па брзаат со интервенцијата, објаснува Џејмс, додавајќи дека тој до својата 13.година поминал низ 16 операции. Сепак, тој останал стерилен. Поради сите тие операции тој денес боледува од PTSP, а како што вели, единствена светла точка во животот му е сопругата која му дава голема поддршка.

Поради тоа американските лекари апелираат до сите мажи да не се срамат туку да побараат лекарска помош.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top