| четврток, 6 декември 2018 |

Мерима Његомир уапсена во Њујорк? Доби забрана за влез во Америка три години

Мерима Његомир, славната пејачка и музичката уредничка на РТС е приведена во Њујорк и 24 часа потоа е депортирана во Србија. Имено, Мерима летоска на полицијата на аеродромот ѝ рекла дека дошла на одмор, а не да работи, но тие утврдиле дека не ја зборува вистината, па ја привеле, па потоа преку Франција ја вратиле дома.

Пејачката се обидела да влезе во Америка со туристичка виза, иако таму дошла поради закажаната турнеја.

– Службениците од емиграционото го спровеле со Мерима вообичаениот разговор. Таа тврдела дека дошла на одмор. Никакви настапи не спомнувала. Некако им делувала сомнително, па ја провериле и утврдиле дека не ја зборува вистината и дека нема да се однесува во склад со визата којашто ја има. Дури успеале да најдат и постер којшто најавува еден од нејзините настапи. Тогаш ја спровеле во притвор, ѝ ја одземале визата и ѝ го забраниле влегувањето во Америка во наредните три години – рекол извор за српски „Курир“.

Тој додал и дека Мерима под полициска придружба од Америка е депортирана во Франција, па оттаму во Србија.

– Беше очајна. Побрзо се врати отколку што отиде. На аеродромот во Сурчин ја дочека тогашниот партнер. Некои потоа ѝ рекоа дека сè би било во ред доколку рекла дека пее бесплатно – завршува изворот.

Мерима не одговорала на пораките упатени од редакцијата, а нејзиниот поранешен партнер, со кого до неодамна била во врска рекол:

– Зошто мене ми се јавувате по тој повод? Јавете ѝ се на Мерима, таа нека ви објасни, бидејќи јас тоа нема да го коментирам. Мене навистина ми е жал што сето тоа и се случи, бидејќи таа не заслужи да поминува низ такво нешто. Ве молам, немојте да ме прашувате ништо повеќе што има врска со неа – рекол тој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top