| четврток, 6 декември 2018 |

Денвер е првиот американски град кој ја легализираше марихуаната на јавни места

marihuana-sk

­ Денвер е првиот американски град каде е дозволена употреба на марихуана во барови и ресторани и на други јавни места, како уметнички галерии и студија за јога. Клиентите имаат право да пушат „трева“ и објектите ќе треба да добијат согласност од соседите.

Жителите на Денвер ја одобрија мерката на референдум. Требаше цела недела да се објават резултатите кои беа многу блиску и приврзаниците на кампањата да прогласат победа, јавуваат американски медиуми. Новото правило стапува во сила веднаш.

Клиентите нема да имаат сепак право да пушат марихуана во објектите, туку најверојатно на посебни места со ограничен пристап. Ќе мора и марихуаната да ја носат сами бидејќи ресторани и барови нема да може да продаваат истовремено храна и пијалци и лесниот наркотик од друга страна.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top