| четврток, 6 декември 2018 |

Ме силуваше сопругот, кумот и другар: Синот гледаше како тоа им се прави на жените

Ме силуваа сопругот, кумот и нивен другар во викендица. Тоа се случи откако побегнав од дома кога сопругот ме претепа. Моето дете беше сведок на тој ужас. Со овие зборови Б.Т., од едно мало место во Војводина, го опишува грозоморното семејно насилство за „Блиц“.

Таа вели дека нејзиниот деветгодишен син бил сведок и на бруталното тепање и на силувањата, за време на кои нејзиниот сопруг велел дека „момчето треба да види како им се прави тоа на жените“.

Ќотекот беше секојдневен. Ме тепаше без причина, само некогаш ќе го прашав за плата. Целото негово семејство го знаеше тоа. Молчев затоа што ми се закануваше дека ќе ме убие и мене и детето. Ме удираше со тупаници, ме клоцаше, ме тепаше со тушот, ме посипуваше со топла вода, гасеше и цигари од моето тело, со бургија ме дупеше, ми кршеше чаши од глава, а понекогаш ми ставаше и лути пиперки во носот –  ја опишува тортурата низ која минала.

За членовите од неговото семејство вели дека се соучесници, бидејќи и пред нив ја соблекувал гола и ја тепал, а тие се смееле.

jd7ktkqturbxy84nge3zjhlmwniyzvjngjizwjmzdbhnjbknjy1zdi0my5qcgvnk5uczqmuamldlqlnadyawsovb9kyl3b1bhnjbxmvturbxy8xzdc0y2i0mtcwntk1mdqznjyyownhymq2mdzmntbmni5wbmchwga

Сепак, таа никогаш не побарала лекарска помош, ниту пак го пријавила случајот во полиција, како што вели „од страв“, што дополнително им ја отежнува работата на надлежните органи.

Во јуни месец ме претепа, па побегнав во викендицата. Таму прво ме силуваше тој, потоа кумот и на крајот негов другар. Кога завршија, ме претепа и ми стави вреќа на главата. Потоа ме фрли во багажникот и ме донесе дома – вели таа.

За насилството неодамна раскажал нејзиниот син, по што нејзиниот татко го пријавил случајот во полиција целосно шокиран. Иако живеел во близина, тој првпат слушнал за насилството кое го доживувала.

Со фен и ги палеше очите, ја кубеше за коса, со чекан за месо ја удри по лице, со тупаница по нос, и го скрши забот, сакаше да ја заколи, ја тераше да јаде измет. Го мразев и му се плашев – раскажал нејзиниот трауматизиран син.

Приказната за нејзиното малтретирање, Б.Т. ја раскажала и во емисија во „Пинк“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top