| четврток, 6 декември 2018 |

Уште еден земјотрес во Грција, епицентарот на 19 километри од Стар Дојран

322959-zemjotres-utrovo-go-razbudi-skopje

Земјотрес со интензитет од 3,4 степени според Рихтеровата скала е регистриран на територијата на Грција, во близина на границата со Maкедонија.

Земјотресот е почувствуван во 8.38 часот утринава со епицентар на 19 километри јужно од Стар Дојран во Македонија и на 154 километри југоисточно од Скопје, со длабочина од 10 километри. Нема податоци за материјална штета.

Повеќе земјотреси утрово имало во Турција и Грција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top