| четврток, 6 декември 2018 |

Пандев доби албум, Јоксимовиќ неговиот дрес (ФОТО)

Саботниот новогодишен концерт од трите закажани настапи на Жељко Јоксимовиќ во Скопје е распродаден. Отанати се ограничен број на влезници и за останатите два закажани концерти за 1 и 2 декември.

Од „Прагма продукција“, македонскиот организатор на проектот „Два света” на Јоксимовиќ, велат дека воопшто не се изненадени од реакцијата на публиката затоа што по пуштањето во етер на првата песна влезниците почнале да се продаваат со голема брзина.

По промоцијата на новиот проект во Скопје, Јоксимовиќ се сретна и со најдобриот македонски фудбалер Горан Пандев. Освен пријателски муабет и желби за успеси,на средбата Јоскимовиќ и Пандев си разменија фудбалски дрес и нов албум.

20161108_164302

Јоскимовиќ призна дека ужива да ја гледа играта на македонскиот фудбалер. Додека пак Пандев призна дека и во карантин ја слуша музиката на Јоксимовиќ.

20161108_164437

„Два света” е едно сосема поинакво издание на Жељко Јоксимовиќ. Џез варијанти на фолк, поп, рок па и стари народни песни, во придружба на 40 музичари, односно Биг бенд на сцена.

Цената на влезниците ќе се движи од 1.200 до 3.000 денари. Почетокот на концертот е закажан за 20 часот и 30 минути.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top