| четврток, 6 декември 2018 |

Мртов маж во куќата – жената искасапена во дворот: Вечерва семејна драма во Србија

Жената со неколку убоди од нож, соседите ја пронашле пред нејзиниот дом, додека сопругот бил мртов внатре во куќата. Вистинска семејна драма вечерва ги потресе жителите на Крагуевац, Србија.

Како што пишуваат локалните медиуми, 53 годишен маж е пронајден мртов во сопствениот дом, а во дворот од куќата со повеќе рани, најверојатно од ноќ лежела неговата 48 годишна сопруга.

Соседите за српските медиуми велат дека слушнале расправија во домот, која ескалирала, по што повикале полиција.
Жената била префрлена во болница и се наоѓа надвор од животна опасност. Нема информација дали парот имал деца.

Мажот имал психички проблеми и подолг период се лечел од депресија. Истрагата треба да покаже, дали станува збор за убиство или пак за самоубиство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top