МВР во соопштението за синоќешното пукање и бркотници со автомобили во Скопје во кои е повредено едно лице, се осудуваат, како што се наведува, обидите за ширење дезинформации и невкусни инсинуации со цел добивање на политички поени, а на сметка на девалвирање на професионалноста на вработените во МВР.
На почетокот на соопштението е наведено дека интензивно, професионално и непристрасно се работи на расчистување, откако ќе го прочитате, станува јасно дека во МВР утврдиле дека:
- местото на кое што се случиле пукотниците е неутврдено;
- сторителот е непознат;
- испукал неколку (неутврден број) на куршуми; и
- побегнал во непознат правец.
Од друга страна, повреденото лице:
- најверојатно (не е се уште утврдено) се наоѓало во својот автомобил; и
- најверојатно (пак не е сигурно) се упатило кон болница.
Она што со сигурност утврдено е дека МВР работи професионално и дека медиумите кои пишуваат дека се кријат инормации за наводна поврзаност на повредениот со врвот на СДСМ се непрофесионални. Барем нешто е утврдено.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
МВР потврди: Лице од битолско виновен за оштетените камења на македонско-грчката граница
-
Влада на РМ: Груевски ќе ја отслужи казната во Република Македонија
-
МВР: Добивме потврда од унгарското министерство дека Никола Груевски е во Унгарија и дека побарал азил
-
Кривична пријава за загрозување на сигурноста и ширење ксенофобичен материјал на социјални мрежи


