| четврток, 6 декември 2018 |

Пелистер повторно победник во битолското дерби

Екипата на Пелистер славеше победа во битолското дерби против Еурофарм Работник во ракометното првенство на Македонија.
Во воведниот натпревар од 10.коло на Суперлигата, одигран попладнево во Битола, ракометарите на Пелистер во улога на гости го совладаа ратскиот ривал Еурофарм Работник со 20-21 полувреме 11-10.
Најзаслужни за оваа победа на Пелистер беа Бојан Маџовски со 6 постигнати гола, како и голамот Колев кој имаше 12 успешни одбрани.
Утре на програмата се преостанатите три натпревари од ова коло, а во нив ќе играат: Вардар Јуниор – Прилеп, Металург II – Пролет, Борец – Радовиш и Охрид – Работнички.
Табела: Охрид 22 бода, Пелистер 22, Еурофарм Работник 19, Прилеп 15, Металург II 14, Радовиш 13, Пролет 13, Борец 8, Вардар Јуниор 4, Работнички 0.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top