| четврток, 6 декември 2018 |

Канада итно бара работници за овие 10 професии, процесот за преселба готов за шест месеци

Канада е во потрага по илјадници квалификувани работници, а овие десет професии се најбарани. Преку системот за имиграција „Express Entry“, квалификуваните работници добиваат шанса за само шест месеци да се преселат во Канада.

Сите апликанти за „Express Entry“ се бодуваат врз основа на фактори како: вештини, работно искуство, јазични способности и образование, а потоа се рангираат.

Според Канадската влада ова се професиите, за кои се поттикнуваат квалификуваните работници да аплицираат за постојан престој во Канада почнувајќи од 3 јануари 2016:

10. Финансиски и инвестициски аналитичари

9. Финансиски ревизори и сметководители

8. Графички дизајнери и илустратори

7. Супервизори во мало-продажба

6. Универзитетски професори и предавачи

5. Компјутерски програмери и интерактивни медиумски програмери

4. Софтверски инженери

3. Аналитичари и консултанти по информациони системи

2. Готвачи

1. Супервизори за услуга на храна

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top