На денешната прес-конференција, градоначалникот на општина Радовиш Сашко Николов информираше за инфраструктурните проекти на кои се работи во општина Радовиш, како во градот така и во населените места во општината.
– Општината почнува неколку проекти што се однесуваат на патната инфраструктура. Имено, деновиве почнуваме со изградба на улица во населено место Калуѓерица во должина од 560 метри инвестиција од 8 милиони денари обезбедени од буџетот на локалната самоуправа, потоа изградба на улица во населено место Воиславци инвестиција од 3 милиони денари, исто така, средства обезбедени од буџетот на општина Радовиш. Улица што води до ТИРЗ инвестиција во висина од 5 милиони денари. Во завршна фаза е тендерската постапка за изградба односно пробивање и асфалтирање на уште една улица во населеното место Покрајчево. Паралелно се одвиваат активности на повеќе локации во градот и населените места со поплочување со бекатон плочки, во моментов се одвиваат градежни работи во населено место Злеово, улица во трета урбана заедница, улица во пета урбана заедница, улица во населено место Коџалија и поплочување на тротоарски површини на улицата „Илија Алексов“ – истакна градоначалникот на општина Радовиш, Сашко Николов.
– Со реализацијата на овие проекти ние само се надоврзуваме на нашиот општински приоритет-патната инфраструктура, во изминатата година реализиравме голем број на проекти кои би сакал да ги споменам, а тоа се: изградената улица во населено место Ињево во должина од 1,5 км, улицата во населено место Покрајчево, двете улици во населено место Подареш како и локалниот пат Подареш-Калуѓерица, улицата Бел Камен и други улици коишто ние како општина успеавме да ги реализираме и во ова прилика би сакал да истакнам дека дел од средствата за реализација на овие проекти во патната инфраструктура се обезбедени со помош на Владата на Република Македонија, а дел се средства обезбедени од буџетот на локалната самоуправа – заврши Николов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Скандал до скандал во училиштето во Радовиш: Оџата во училиште го повикала директорката, чиј сопруг е секретар на општината
-
Пожарникарите од Радовиш под истрага: Од противпожарната единица направиле коцкарница
-
Кривични пријави за пет лица од Радовиш: Краделе дрва и им се заканувале на шумарите дека ќе ги тепаат
-
Командир од Радовиш заработи кривична: Огранизирал игри на среќа во службена просторија