На улицата „Љубен Иванов“ во Штип, во прехранбена продавница, продавачка преживеала вооружен грабеж. Засега непознат маскиран и вооружен крадец влегол во продавницата држејќи пиштол во раката, го вперил кон вработената и ѝ побарал пари.
Таа почнала да бара помош, по што тој се доближил до касата и со употреба на физичка сила ја отворил металната фиока, одзел 17.600 денари и го напуштил местото.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на настанот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски со полн пиштол „макаров“ фатен на аеродромот во Софија
-
Jа ограбиле бабата која им изнајмила соба во Охрид: Двајца скопјани во притвор
-
Дошол да бара невеста, не му ја дале, па извадил пиштол
-
Полицаец се заканувал со пиштол во месарница, не му се допаднало месото