Пожар денеска пеплоса кат од куќа во Штип. Засега е непознато која е причината за избувнување на пожарот. Пожарот прво го забележале и пријавиле соседите, вели командирот на штипската ТППЕ, Благој Ренџов. За среќа во пожарот нема повредени.
– Утрово околу 8.45 часот пријавен е пожар на улицата број 21. Испратени се две противпожарни возила и седумина пожарникари. Опожарен е кат од куќа. Пожарот е локализиран и целосно изгаснат. Предизвикана е материјална штета, чијашто висина ќе ја утврдуваат надлежните органи – вели Ренџов.
Според изјавите на соседите, најверојатно причина на пожарот е неисправно грејно тело, објави „Канал 77“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.