Фондот за здравствено осигурување на Македонија соопшти дека реализацијата на проектот на Владата на Република Македонија, „Фондот се грижи за хроничните болни“ се одвива според планираната динамика.
Од Фондот посочуваат дека преку телефонски јавувања, пораки и е-пошта досега контактирале со 65.328 осигуреници со дијабетес, кардиолошки и бубрежни заболувања, како дел од проектот за грижа на хронично болни.
Десетте тима вработени во Фондот, кои ги контактираат осигурениците, од почетокот на проектот од 1 октомври 2015 година, како што се наведува, продолжуваат да наидуваат на позитивен приeм.
Иако голем број од контактираните осигуреници се запознаени со тежината на нивното заболување и имаат основни информации за својата терапија, начинот на исхрана и животен стил, има и осигуреници што иако знаеле дека се болни, не биле сигурни какви се последиците од ненавременото одење на лекар и примање на соодветна терапија. На овие осигуреници во разговорите со нив, укажано им е од колкава важност за нивното сопствено здравје е да ги слушаат препораките на лекарите и да се однесуваат посовесно кон своето здравје, што ги засега и нивните најблиски, истакнуваат од ФЗОМ.
Овие разговори, наведуваат од Фондот, се и можност осигурениците да прашаат и за други права од здравственото осигурување, што се во надлежност на Фондот.
Осигурениците, исто така, во разговорите со нашите тимови се интересираа и за користење на новите електронски услуги на Фондот. Овие податоци се од нашите тимови кои се составени од вработени во поголемите подрачни служби како што се: Скопје, Тетово, Штип, Битола, Струмица, Велес, Прилеп и Куманово. Тие и се јавуваат на осигурениците со трите хронични заболувања да ги потсетат кои прегледи треба редовно да ги прават, да ги информираат за комплексноста на заболувањето, со цел да се стопира можната прогресија на болеста, пишува во соопштението.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ако одите на одмор во странство: ФЗОМ со важно известување до сите граѓани
-
ФЗОМ не сака преку медиумите да комуницира со своите партнери, најавува средба со Здружението на приватни гинеколози
-
Гинеколозите ќе издаваат само упати, а ФЗОМ нека лекува пациентки
-
ФЗОМ ќе ја зголеми квотата за овој месец и вкупниот буџет за лекови