| четврток, 6 декември 2018 |

ФИБА го суспендираше бразилскиот кошаркарски сојуз

brazil

Светската кошаркарска централа, ФИБА го суспендира бразилскиот кошаркарски сојуз на неодредено време откако раководните луѓе на овој спорт во Бразил, не ги плаќале долговите кон ФИБА.

Бразилците не пријавиле тим во баскет три на три, а исто така и не настапиле со свои селекции во младинските категории. Федерацијата нема пари за да организира нови избори и кризата само ќе се продлабочи.

Бразил има голема кошаркарска традиција и е освојувач на светски и олимиски медали. По дебаклот на Олимписките игри сениорската репрезентација остана без селекторот Рубен Мањано кој добиваше висока плата од федерацијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top