
На проблемите на аргентинскиот состав како да им нема крај во овој квалификациски циклус, па така последните информации околу таборот на „гаучосите“ велат дека Лионел Меси имал „бурен лет“ до Сан Хуан.
Целата репрезентација патувала заедно до овој град, каде утре ќе ја пречека Колумбија во еден од клучните натпревари за пласман на СП, но сите фудбалери и членовите на стручниот штаб останале изненадени откако Меси колабирал за време на летот. Тој најпрвин се жалел на болки во стомакот, по што следело силно гадење и пребледување и веднаш му била укажана лекарска помош од страна на докторите на националниот тим.
Последните информации говорат дека настапот на Меси против Колумбија не е доведен во прашање, но остануваат дилемите дали тој ќе биде во можност да го даде својот максимум против незгодниот ривал.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


