| четврток, 6 декември 2018 |

Трамп и Путин ќе ги зближи Меланија, а за тоа е заслужен нејзиниот дедо кој бил партизан

mela2

Влијателниот руски пратеник Вјачеслав Никонов денеска изјави во емисија на ТВ каналот Росија 1, дека Словенија, како родна земја на првата дама на САД Меланија Трамп, би можела да биде домаќин на средбата на рускиот претседател Владимир Путин и новизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп.

Главната улога тука би можел да ја одигра дедото на Меланија кој се борел во партизанските единици.

Запрашан кој би можел да ја одигра улогата на посредник меѓу Русија и САД, Никонов одговорил дека оваа улога може да ја одиграат семејните врски, пренесува СТА.

Словенечката агенција наведува дека претседавачкиот Комитет за образование и наука на руската Дума, рекол дека тоа се однесува на Меланија Трамп, но и нејзиниот дедо, за кој Никонов рекол дека се борел во партизанските единции во шумите на Белорусија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top