Граѓаните на Белград што се возат во трамвај овие денови останаа непријатно изненадени бидејќи возењето им го нарушува засега непоознат маж, кој пред нив се соблекува гол и мастурбира.
Својата приказна за „Телеграф“ ја раскажува Н.Љ., која преплашена го напуштила трамвајот бидејќи третпат се случило да го види истиот маж.
– Мислам дека има од 25 до 30 години, на вратот има тетоважа, а косата му е кратка и црна. Кога сакав да пријавам в полиција, пријателката ми рече да не го правам тоа затоа што манијакот потоа може да ме најде. Ги соблекува панталоните, почнува со воздишки и паѓа во транс. Најлошото е што во трамвајот, обично, има и деца. Се надевам дека полицијата наскоро ќе го пронајде – вели таа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Во галеријата на Куќата на Ѓура Јакшиќ во Белград отворена изложба на теракотните икони од Виница
-
Трагедија во Белград: Трамвај излета од шини, еден загинат
-
Во Белград гласаат 24 македонски државјани, третина излегле до 12 часот
-
Амнестија за периодот на војната, дел од договорот меѓу Косово и Србија