Филмскиот спектакл на Баз Лурман, “Големиот Гетсби“ во кој главната улога ја толкува Леонардо Ди Каприо, вечерва го отвори 66-от по ред Кански фестивал пренесува локално.мк
Стивен Спилберг, Никол Кидман, Кери Малиган и група танчерки облечени во стилот од 20-тите години на минатиот век, продефилираа на црвениот ќилим и покрај ладното време и обилните дождови.
Во натпреварувачкиот дел од програмата, оваа година настапуваат 20 филмски остварувања, а жирито на чело со американскиот режисер Стивен Спилберг, на последниот ден од фестивалот (26-ти мај), ќе му доделат “Златна палма“ на најдобриот филм.
Филмските критичари посебно ги издвојуваат “Behind the candelabra” на Стивен Спилберг, “Inside Llewyn Davis” на браќата Џоел и Итан Коен, “The Immigrant” на Џејмс Греј, филмот со вампири на Џим Џармус “Only Lovers Left Alive”, “Nebraska” на Александар Пејн и “Only God Forgives” на Николас Виндинг Рефн.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Специјална проекција на филмот „На мапата“ посветен на Тал Броди, кошаркар на „Макаби“
-
„Младешка осаменост“ – хибридниот документарец на Клер Симон во кината низ Македонија
-
Детскиот филм „Господин Мол и фабриката за чоколадо“ во кината низ Македонија
-
„Македокс“: Зимска реприза на филмот „Над возможното“ во кино Култура