На Листата се наоѓаат близу 5 000 трговски друштва, јавни претпријатија и физички лица. Во горниот дел на Листата како должници се јавуваат ЈП „Македонска радио-телевизија“, АД „11 Октомври – Еурокомпозит“, ЈКП ЦО „Стандард“ Дебар, ЈП за стопанисување со објекти за спорт во сопственост на РМ, Ски-центар Кожуф итн.
Управата за јавни приходи ја објави Листата на должници бр. 11/2016 за долгови достасани до 31.7.2016 и неплатени до 31.10.2016 година врз основа на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини, за кои вкупниот износ на долгот е:
- повисок од 120 000 денари за физичките лица и самостојни вршители на дејност и
- повисок од 300 000 денари за правните лица.
На Листата се наоѓаат близу 5 000 трговски друштва, јавни претпријатија и физички лица. Во горниот дел на Листата како должници се јавуваат ЈП „Македонска радио-телевизија“, АД „11 Октомври – Еурокомпозит“, ЈКП ЦО „Стандард“ Дебар, ЈП за стопанисување со објекти за спорт во сопственост на РМ, Ски-центар Кожуф итн.
Листата на должници се објавува на веб-страницата на Управата за јавни приходи, во согласност со членот 9 од Законот за даночна постапка.Управата за јавни приходи без согласност на даночниот обврзник на својата веб-страница може да објави податоци заради исправка на непотполни информации кои се објавени во Листата на должници.
Доколку не се согласува со објавените податоци, даночниот обврзник може да се обрати до:
- надлежната регионална дирекција на УЈП – за долговите објавени врз основа на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход и придонеси од задолжително социјално осигурување;
- до Царинската управа на РМ – Одделение за наплата на приходи, буџет, гаранции и анализа (тел. 02/3293 978 или 02/3293 971) – за долговите објавени врз основа на акцизи, царини и ДДВ при увоз.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Пензионерите што немаат дополнителни приходи не треба да се регистрираат за е-персонален данок
-
Возило на УЈП превртено стои во река – друго удрено во Битола
-
Важи и за плата и за пензија: Секој што има остварено приход, мора да се регистрира во системот Е-персонален данок
-
УЈП ќе шпионира кој работи за странство