Решенијата на Општина Центар за уривање на наводната дивоградба на улица „Никола Вапцаров“ бр „6“ во центарот на Скопје, на којашто еден од сопствениците е и претседателот на Основниот суд Скопје 1, Владимир Панчевски, се поништени и незаконски. Одлуката ја донесе Државната комисија за одлучување од втор степен од областа на инспекцискиот надзор и прекршочна постапка. Поради претрпените штети, инвеститорите на објектот кој беше прогласен за дивоградба најавуваат тужба против Општина Центар за надомест на штета.
-Државната комисија за одлучување од втор степен од областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка донесе две одлуки со кои решенијата на Општина Центар за рушење на наводната дивоградба на улица „Никола Вапцаров“ бр „6“ се поништуваат како незаконити – истакна адвокатот на инвеститорите Благоја Пеповски.
Пеповски посочи дека во образложението на одлуките од второстепената комисија јасно се наведени повредите кои овластениот градежен инспектор ги сторил, односно прекршен е Законот за општа управна постапка, Законот за градење и Законот за инспекциски надзор
-Со оглед на тоа што инвеститорите беа принудени да постапуваат по вака незаконито решение, односно жалбата не го одлагаше извршувањето на истите, како и притисокот кој беше наметнат од овластените лица при општина Центар изразен преку јавни повици на фирми за рушење на наводната дивоградба, односно јавни повици за асистенција на МВР за постапување за сите тие решенија инвеститорите претрпеа штета која е утврдена со градежно техничко вештачење – рече Пеповски.
Од семејството Панчевски велат дека со одлуката на второстепената комисија се докажа беззаконието и инволвираноста на општина Центар и градоначалникот Андреј Жерновски во хајката против семејството Панчевски.
-Конечно паднаа маските за подмолната намера на општината за исконструираниот случај- дивоградба на претседателот Панчевски. Штетата причинета со незаконитото работење на општинската власт кои второстепената комисија ги образложува на повеќе од 11 станици со повеќе од 25 тешки повреди на повеќе закони и процедурите на постапување нема да ја платата ни Жерновски, ниту градежниот инспектор , ниту раководителот на инспекцијата Кочо Стојчевски кој грчевито овие денови се обидуваше да ги оправда незаконитите решенија донесени заради повисоки цели и интереси. Штетата за ваквиот егзибиционизам на општинската власт ќе ја платата и ќе биде на товар на граѓаните на општина Центар. Се надевеме дека надлежното јавно обвинителство ќе ја задоволи превдата и ваквите криминални општински структури ќе одговараат пред законот за направените злоупотреби, велат од семејството Панчевски.
Објектот на семејството Панчевски, кој општина Центар го прогласи за дивоградба, е семејно наследство изграден уште од 1928 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Со среќа новата учебна година: Општина Центар вратете ни ги тротоарите и исчистете ги улиците!
-
Општина Центар го урива Урбан парк на Јужен булевар, полицијата ги иселува дивовселените
-
Панчевски: Судиите и обвинителите партиски се позиционираа, нема ништо од препораките на Прибе
-
Поранешен градоначалник на Центар под истрага за мостот Око