| четврток, 6 декември 2018 |

Се асфалтираат локалните патишта во Македонска Каменица

m-kamenica

Почна асфалтирањето на локалните патишта во селото Косевица, инфаструктурен проект што опфаќа изградба на улици и на патишта и поврзување со соседното село Луковица. Планираната инфраструктура е во должина од 3,5 километри, а средствата во висина од 11 милиони денари се обезбедени од буџетот на општина Македонска Каменица.

Градоначалникот Дарко Митевски, кој денеска присуствуваше на почетокот на градежните работи, истакна дека изградбата на овие улици е од исклучително значење за жителите од ова село и додаде дека значително ќе ги подобри условите за живот во Косевица.

– По повеќегодишно барање на жителите од Косевица и откако тие барања ги ставивме во програмата за 2016 година, сега сме во фаза на реализација на еден огромен проект со кој ќе го решиме деценискиот проблем во селото Косевица. Почнавме со реалзација на проектот со кој ќе изградиме локални и пристапни маалски патишта во село Косевица и поврзување со село Луковица. Градиме патна мрежа во должина од 3,5 километри, од училишната зграда во село Косевица и сите маала од селото да се поврзат со село Луковица. Со овој проект е опфатена патната инфраструктура на пет маала од селото – рече Митевски.

Тој истакна дека за наредната година е планирано и асфалтирање на другите маалски улици во селото.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top