Ноќва околу 3.00 часот во Прилеп, на ул.„Сотка Ѓорѓиоски“ настанал пожар во автомобил „фолксваген голф 5“ со прилепски регистарски ознаки, паркирано од сопственикот С.Б.(34) околу 17 часот во дворот на куќата.
Пожарот бил забележан од страна на такси-возач, кој веднаш пријавил во Територијалната противпожарна единица Прилеп и го разбудил оштетениот.
Од страна на ТППЕ-Прилеп пожарот бил локализиран и било спречено негово проширување на целото возило и на куќата. Од пожарот настанало оштетување т.е. скршени се стаклата од прозорец и стопени се ролетните.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Битола. Се преземаат мерки за утврдување на причините за настанување на пожарот и за целосно расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.