| четврток, 6 декември 2018 |

Почина легендарниот нуркач без опрема Енцо Мајорка, кој беше инспирација за филмот „Големото синило“

Легендарниот нуркач без опрема Енцо Мајорка починал на 85-годишна возраст на Сицилија, соопштил градоначалникот на Сиракуза, град во кој Мајорка живеел. Градоначалникот Џанкарло Гароцо не ги соопштил причините за смртта, објави Макфакс.

mpw-7444

Ривалството на Енцо Мајорка со Жак Мајол му беше инспирација на познатиот француски режисер Лук Бесон во 1988 година да го сними филмот „Големото Синило“ (The Big Blue).

Мајорка и Мајол од 1966 година се натпреваруваа кој ќе сообори повеќе рекорди во нуркање без опрема. Кога во 1970 година стигнале до длабочина од 73 метри, Меѓународната федерација проценила дека таа длабочина е премногу опасна и одбила да им ги признава натамошните рекорди.

Италијанските медиуми кои Мајорка го нарекувале „господар на длабочините“, објавија дека тој на 57-годишна возраст нурнал на длабочина од 101 метар.

По пензионирањето, Мајорка се посветил на зачувување на морската околина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top