| четврток, 6 декември 2018 |

Лошите игри во ПСЖ го тераат Ди Марија да ја смени средината?!

anhel-di-marija

Кога играте лошо во тековната сезона, многу нормално е дека размислувате за заминување од клубот. Таква е состојбата и со фудбалерот на ПСЖ, Анхел ди Марија, кој игра во лоша форма од почетокот на оваа сезона и веќе планира да си замине од Франција во зимскиот преоден рок.

Аргентинецот никако не успева да се вклопи во тактиката на тренерот Унаи Емери и најверојатно ќе си побара нова фудбалска средина наскоро. Тој пристигна во тимот од Париз од Манчестер јунајтед за 44 милиони евра, но според прикажаните игри, досега не ги оправда парите.

За неговите услуги постои интерес од Баерн Минхен, но доколку раководството на „светците“ се реши за негова продажба, сигурно е дека интересот ќе се зголеми.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top