| четврток, 6 декември 2018 |

ЛА Лејкерс сопрени, Кливленд и Голден стејт по планот

Синоќа во НБА лигата беа одиграни само пет натпревари, на два од нив настапија минатогодишните финалисти на плејофот, Кливленд и Голден стејт кои остарија сигурни победи во шутерската вечер.

Единствените две екипи кои не стигнаа до 100 поени беа ЛА Лејкерс и Шарлот. Останатите осум длабоко беа завлезени во втората стотка.

minesota

Кошаркарите на Кливленд кавалирс и на Голден стејт вориорс забележаа нови победи на синоќешните натпревари во НБА-лигата. Шампионот Кливленд по тешка борба на крајот сепак успеа да го скрши отпорот на Шарлот, триумфирајќи со 100-93. Големите ѕвезди не беа во посакуваниот ритам, но затоа кавалирси на клупата го имаа Ченинг Фрај, кој како резерва постигна 20 поени, со што беше најефикасен во редовите на актуелниот првак. Леброн Џејмс постигна 19 поени за Кливленд, додека кај Шарлот најефикасен беше Вокер со 21 поен.

Планиран триумф забележа и Голден стејт, откако во фантастичен офанзивен натпревар „воините“ го совладаа Феникс со 133-120. Клеј Томпсон постигна 14 од своите 30 поени во последната четвртина, до 30 на овој меч „броеше“ и Стеф Кари, додека Дурант постигна 29 поени, надополнети со 9 скока и 5 асистенции.

oklahoma

Најинтересно беше во Оклахома сити, каде домашниот тим претрпе пораз од 117-119 од Орландо и покрај извонредната игра на Расел Вестбрук, кој постигна 41 поен. Серж Ибака го одигра најдобриот меч за Орландо, постигнувајќи 31 поен за триумф на „магичните“ над својот поранешен клуб.

Екипата на Лејкерс која е вистинско изненадување оваа сезона во НБА лигата беше тресната од земја од Минесота и високо поразена со 26 поени разлика (125-99). На овој меч блесна Андреј Вигинс постигнувајќи 47 поени, додека солиден беше и Бјелица со 24 поени, а Рики Рубио запиша дабл-дабл учинок со 10 поени и исто толку асистенции.

НБА резултати:

Кливленд – Шарлот 100-93, Оклахома сити – Орландо 117-119, Минесота – ЛА лејкерс 125-99, Голден стејт – Феникс 133-120, Портланд – Денвер 112-105.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top