| четврток, 6 декември 2018 |

„Мачо против мачо“: Кога ќе се соочат Трамп и Путин?

Портпаролот на Кремљ, Димитриј Пешков не ја исклучи можноста за воспоставување на контакт помеѓу рускиот претседател Владимир Путин и новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп.

Како што подвлече можно е тоа да се случи и пред неговата инаугурација.

– Не знам дали ќе има контакт помеѓу Трамп и Путин пред инаугурацијата, но исто така не можам да ја исклучам таа можност, вели Песков.

Претходно Пешков појаснил дека доколку има политичка волја да се разговара без употреба на јазикот на санкции, постои шанса за решавање на проблемите.

Инаку, до сега Трамп и Путин се немаат сретнато, но аналитичарите очекуваат средбата да се случи уште во првите месеци на мандатот на Трамп.

„Гардијан“ оваа средба ја нарекува „Мачо против мачо“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top