| четврток, 6 декември 2018 |

Јас не плачев, па моето тело заплака, исповед на водителка на која по силување и отпаднала целата коса

Дваесет и седум годишната Стефани Џорџи конечно проговорила за ужасната ноќ која се случила во јули кога ја силувал таксистот кој требало да ја однесе дома по излегуувањето со пријателките. Кога наредното утро се разбудила, не се сеќавала на возењето, само влегла во автомобилот и пристигнала во својот дом во Лос Анџелес.

Водителката на неколку емисии на интернетската телевизија „АфтерБаз“ За „Космополитан“раскажала дека два месеци откако била силувана почнала да ѝ паѓа косата и дека во многу краток рок изгубила речиси 75 отсто од косата.

Кон крајот на семптеври одлучила да ја избричи главата.

– Толку длабоко во себе го потиснав инцидентот така што косата почна да ми паѓа. Јас не плачев, па моето тело заплака. Кога ја видов таа голема количина коса на подот, на облеката, по мене, се сетив на сè што м се случило – рекла Стефани.

Губитокот на косата е поврзан со бројни причини и проблеми, а еден од нив е силниот емотивен стрес.

Стефани раскажала дека таа вечер почнала да се забавува со пријателките веќе во 16 часот.

– Ова не е приказна за силување каква што би очекувале, никој не ме претепа, но ме искористи. Не знам што реков, не знам што тој рече, едноставно не бев при себе – рекла Стефани.

Подоцна за тоа едноставно не сакала да зборува, бидејќи се плашела дека луѓето нема да ѝ веруваат или ќе ја осудуваат, а најтешко ѝ било, како што вели, да им каже на родителите, посебно на татко ѝ, пишува Дејли Мејл.

– На татко ми не му реков, мајка ми ми рече. Како да му кажете на татко дека неговото девојче, знаете… – рекла Стефани плачејќи.

Откако ја избричила главата, рекла дека почнала да се чувствува подобро и конечно можела да продолжи понатаму со животот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top