| четврток, 6 декември 2018 |

Одземена лиценцата на „Мекдоналдс“ во Македонија

„Мекдоналдс Европа“ го прекина договорот за франшиза со македонската фирма „СЈ компани“, која, почнувајќи од 14 мај, не смее да работи под брендот „Мекдоналдс“, пишува Дневник во утрешното издание.

Ова е официјалниот одговор од европската централа на најголемиот синџир за брза храна во светот на прашањето зошто неколку дена се затворени сите седум ресторани на „Мекдоналдс“ во Македонија.

– По прекинот на договорот, „СЈ компани“ веќе не ги поседува правата да работи со рестораните под брендот „Мекдоналдс“ – вели Агнес Вандаи, директор за комуникации во „Мекдоналдс Европа“.

Вандаи понатаму додава дека компанијата во Македонија, која до сега ја поседуваше лиценцата, сама ќе одлучи дали рестораните ќе продолжат да работат под некој друг бренд. Ова се случува по шеснаесет години од отворањето на првиот ресторан „Мекдоналдс“ во центарот на Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top