| четврток, 6 декември 2018 |

Мигранти пеш одат од Србија кон хрватската граница

– Група од околу 150 мигранти, кои вчера пеш тргнаа кон хрватската граница, во моментов се наоѓаат на автопатот кај клучката за населбата Печинци, и според изјавите дадени за Танјуг, тие веруваат дека овој протест ќе ги натера Хрватите да ја отворат за нив границата.

Мигрантите, каде мнозинството се средовечни мажи и неколку деца од по петнаесетина години, во придружба на полицијата се движат кон хрватската граница, а Осима Африди од Пакистан порача дека се надева оти со овој потег ќе ги натераат Хрватите да ја отворат границата и да им дозволат да заминат кон саканите дестинации во Италија или Франција.

– Многу денови спиевме во шума и под мостови, а температурата се спушта, ќе почне снег да паѓа и сакаме да одиме кон границата, бидејќи за нас овде ќе има многу проблеми, вели Африди.

Тој дополни дека план на групата е на границата да бидат најмногу десет денови, по што очекуваат хрватските граничари да ги пуштат да минат низ таа земја.

– Многумина велат дека нема да ни ја отворат границата, но ние мислиме дека ќе ја отворат и оти за тоа ќе ни помогне овој наш протест, истакна Африди.

Тој дополни дека многу тешко го поднесуваат лошото време и дождот, бидејќи немаат резервна облека, а некои немаат ни кебиња ниту храна.

Африди објасни дека меѓу нив има само неколку деца, а нема жени, бидејќи ним им е тешко да патуваат пеш и оти планот е тие подоцна да им се придружат со автобус или воз.

Инаку, кај Печинце од главната група се одвоија петнаесетина мигранти кои се откажаа и припадниците на српската полиција ги вратила во Печинце, а од таму во Белград.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top