– Сега му е мајката да биде поразен Заев и сета негова деструктивност и црни сценарија – изјави Никола Груевски, претседател на ВМРО ДПМНЕ, кој денеска присустуваше на Конвенцијата на Коалцијата за подобра Македонија.
– Во единицата со оглед на нивниот слаб кандидат кој сопствениот народ се дрзна да го нарече стока и кој претрпе историски пораз од Ѓорге Иванов, очекуваме резултати исти и подобри од 2014, во двојката, тројката, петката и шестката слично како 2014 ќе бидат силно поразени, и мора сите заедно да стигнеме до посакуваната бројка од 63 пратеници, затоа што веќе на секого му е јасно што сакаат да прават со оваа држава, и во кој правец ќе се движат нештата ако немаме 63 места во парламентот. Ова е времето – рече Груевски.
Според него, прашањето кое секој треба да си го постави пред својот избор овие денови е „Со кого ќе ви биде на вас лично подобро, кој ќе сработи повеќе, кој подобро ќе се справи со економските предизвици, со кого ќе се чувствувате посигурно и побезбедно, кој има подобар кадар и програма, кој држи повеќе до зборот, кој ќе отвори голем број нови работни места и ќе овозможи повисоки плати, пензии, социјална помош, на кого повеќе му верувате, кој ќе биде достоинствен пред уцени, и со кого нема да се срамите кога еден ден ќе погледнете назад, кој ќе ги штити државните интереси подобро.
Во суштина ова е едноставен избор и покрај сложените околности во кои се прави -рече Груевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Протестен марш на ВМРО ДПМНЕ во 17 часот (во живо)
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Отворено и транспарентно: ВМРО-ДПМНЕ со Јавен повик за кандидирање на членови на Комисии
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер