| четврток, 6 декември 2018 |

СДСМ ќе размислуваат како да не закрват, ние ќе се подготвуваме за во новата Влада

Според Гуевски, ефектите од обновата би бил поефикасен патнички и товарен сообраќај, потрошувачката на дизел горивото и средствата за одржување на возниот парк значително би се намалила, а квалитетот на услугите во патничкиот транспорт ќе се издигне на повисоко ниво

СДСМ ќе размислуваат како да не закрват ние ќе се подготвуваме за во новата Влада работејќи на целосна обнова на возниот парк на Македонски Железници – изјави Никола Груевски, претседател на ВМРО ДПМНЕ на денешната Конвенција на Коалцијата „За подобра Македонија“ на која беа претставени кандидатите за пратеници.

Според Гуевски, ефектите од обновата би бил поефикасен патнички и товарен сообраќај, потрошувачката на дизел горивото и средствата за одржување на возниот парк значително би се намалила, а квалитетот на услугите во патничкиот транспорт ќе се издигне на повисоко ниво.

– Во рамките на овој проект се планира да се набават вкупно 5 возови и тоа: 3 нови дизел моторни возови и 2 нови електро-моторни возови за што ќе инвестираме 22,5 милиони евра. За поефикасен транспорт на стока и патници, а во рамките на проектот за обнова на возниот парк ќе се набават и три нови електрични локомотиви за што ќе инвестираме нови 7 милиони евра – рече Груевски.

Според Груевски, СДСМ ќе се занимава со нереални ветувања, а тие со она што реално ќе го изградат.

– Па така сакам да објавам дека ќе изградиме нов експресен пат од Битола до граничниот премин Меџитлија и ќе извршиме модернизација и реконструкција на влезовите во Битола. За сето ова ќе инвестираме нови 10 милиони евра, а работите ќе почнат наредната 2017та година и ќе се одвиваат до 2020 година.

СДСМ и пред се Зоран Заев особено во 4та изборна единица ќе се занимава со критики и манипулации, а ние освен изградбата на експресниот пат Штип Радовиш,  и реконструкција на автопатска делница Неготино – Демир Капија, ќе извршиме и обнова на регионалниот пат Струмица – Попчево – Белотино – Рич – Конче, на регионалниот пат Нов Дојран – Фурка, на регионалениот пат Гевгелија – Богданци – Фурка, на регионалниот пат Прилеп– Боротино,на регионалните патишта  Прилеп – Битола како и патот Гевгелија – Смоквица. Ќе ги обновиме и регионалните патишта Струмица – Ново Село,  Неготино – Кавадарци  како и Росоман – Кавадарци. Севкупната проценета инвестиција на овие патишта кои ги спомнав е 79 милиони евра. 79 милиони евра за експресни и регионални патишта за градовите и  населените места во 4та изборна единица – објави Груевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top