Освен намалување на ДДВ од 18% на 5% за ветеринарните лекови, на услугите на ветеринарните друштва и за влез на спортски натпревари, за изнајмување на спортски објекти и ослободување од царински давачки и ДДВ за специјални такси возила за превоз на лица со инвалидност и намалување на акциза за „намешани“ биогорива како и ќе извршиме ослободување од плаќање на увозни давачки за државјани на Република Македонија кои живеат во пограничен појас, за производи добиени од нивните имоти, Груевски најави уште 4 проекти во програмата на Коалицијата за подобра Македонија.
–Само денеска кажувам 4 нови проекти во нашата програма. Намалување на ддв-то од 18 на 5% и низа даночни поволности во повеќе области, целосна обнова на возниот парк на Mакедонски железници, нов експресен пат од Битола до Меџитлија и обнова и реконструкција на влезовите во Битола, како и 79 милиони евра во изградба на експресни и регионални патишта за градовите и населените места во 4та изборна единица. Ќе има уште многу нови проекти.
Затоа ние сме поразлични од нив и затоа ние имаме поддршка од народот, затоа што народот знае што е подобро за него, знае кој може да направи подобро за него и за нашата држава. Тој виде дека ние кога ветуваме потоа реализираме, остваруваме.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Орбан: Немам време да дишам, а не пак да се сретнам со Груевски
-
Орбан: Сорос е впуштен во прогонот против Груевски, а тој е мој соработник!
-
Груевски: Добив сознание дека ми се подготвува ликвидација
-
Коалицијата „Сите за правично судење“ ја оспорува професионалноста на МВР за обезбедување на Груевски