Хорхе Лоренцо ја отвори сезоната со пол-позиција на трката за Катарското ГранПри, а на истиот начин и ќе ја затвори. Возачот на Јамаха извозе кург од 1.29:401 за четвртата негова пол-позиција во тековната сезоне на последната трка која повторно ќе се вози во Валенсија.
Друштво во првиот ред ќе му рпави актуелниот првак Марк Маркез кој не можеше да ги пронајде трите десетинки во последниот квалификациски круг па ќе мора да се задоволи со второто стартно место на гридот. Првиот ред ќе го комплетира Валентино Роси.
Андреа Довициозо кој издоминира на изминатата трка во малезија утрешната трка ќе ја започне од вториот ред, помеѓу Маверик Вињалес и Пол Еспагаро.
Кал Крачлоу и Данило Петручи се изборија за влез во финалната квалификациска сесија, но ниту еден од нив не успеа да извози побрзо од 11. односно 12. стартно метсо. Крачлоу имаше и проблеми со одржување на рамнотежата, па често излетуваше од својот мотоцикл.
Мика Калио кој со фабричкиот тим на КТМ повторно се врати во кралската класа на мотоциклизмот ќе ја стартува утрешната трка во Валенсија од последниот ред (20. позиција) покрај Тито Рабат и Јони Хернандез.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.