| четврток, 6 декември 2018 |

Во Винковци отворен првиот бутик за прасечко

Винковци во Славонија, во Хрватска, го доби првиот прасечку бутик, благодарение на бизнис-идејата на 32-гдишниот сточар Ален Бариќ. Овој бутик секојдневно им нуди на купувачите разни видов печено прасечко, јавува Гласот на Славонија. Семејстовот на Ален со години одгледува свињи, така што она што месото што се нуди во неговиот бутик е домашно. Досега луѓето од овој крај на Хрватска кои се мераклии на прасечко, по печено прасе оделе во Босна.

srbija-na-tanjiru-prasece-pecenje-1

Засега, вели тој, се продава само по едно прасе на ден, но планира да отвори уште еден бутик, во Осјек, па се надева дека работите ќе бидат поинакви во студентскиот град и дека побарувачката ќе биде поголема.

 

– Не очекувам којзнае каква заработувачка. Важно ми е да продавам дел од моето домашно производство, работниците да си ја заработат платата, а јас да сум на позитивна нула. За тоа зборува и цента 70 куни за килограм печено домашно прасечко (околу 560 денари), што е поевтино одошто во Босна.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top