Претседателката на комисијата за труд и социјална политика на СДСМ, Мила Царовска вечерва беше учесник во сообраќајна незгода која се случи во близина на „Ред Кафе“ во скопската населба Аеродром.
Очевидци на настанот велат дека слушнале страшен удар, по што веднаш се собрале голем број на луѓе.
Според информациите, на местото на несреќата дошол и партискиот портпарол Петре Шилегов, како и повеќе членови на СДСМ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.