Блиските на Брајтон Дама Зантеа доживеаја вистински шок, кога за време на неговиот погреб, забележале како мртовецот се движи во ковчегот.
34-годишниот Брајтон Дама, долго време бил болен, па сите мислеле дека починал. Кога за време на погребот неговиот шеф се доближил до ковчегот за последен пат да се поздрави со него, забележал дека тој се мрда.
-Забележав дека неговите нозе се движат кога отидов за последен пат да го видам. Не можев да им верувам на своите очи, рече Лот Гака.
Тогаш на гробиштата се случила вистинска драма. Присутните на погребот мислеле дека Брајтон се вратил од мртвите и дека ги прогонува, па почнале во паника да бегаат.
Подоцна се смириле и сфатиле дека воопшто не бил ни мртов, па го однеле во болница. Тој таму останал 2 дена, оздравел и се вратил дома.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Карлеуша не се одвојувала од Душко на погребот на татко му!
-
И во осмата деценија од животот не се предава: Бил Клинтон не го симна погледот од Аријана Гранде
-
Погребот на Арета Френклин закажан за 31 август во Детроит
-
И небото плачело: Молк на погребот на Миша Огњановиќ, a сите гледале во детал кој тера солзи на очите!



