| четврток, 6 декември 2018 |

Весникот ВЕЧЕР денеска слави 53. роденден

Дневниот весник Вечер денеска прославува 53 години од излегувањето на првиот број.

ВЕЧЕР е приказна која трае и остава неизбришлива трага во историјата на македонскиот медиумски простор. Во историјата на ВЕЧЕР се вградени низа генерации кои оставија свој влог и залог во една заедничка приказна. Таа приказната почнува на 11 ноември 1963 година кога излезе од печат првиот број на првиот вечерен информативен весник на НИП “Нова Македонија”. Првиот број е отпечатен на 16 страници. Во првиот број на ВЕЧЕР се објавени вкупно 82 текста и 31 фотографија. Првиот новинарски состав броел 35 вработени. Низ весникот поминаа генерации и генерации новинари.

vecer_prv_broj

ВЕЧЕР и денеска е меѓу најпрепознатливите македонски брендови и дневен весник со постигнати рекордни тиражи од над 100.000 продадени примероци. Следејќи го технолошкиот развој во медиумскиот простор, ВЕЧЕР има и свое он лајн издание. Сајтот на ВЕЧЕР важи за еден од најпосетуваните во Македонија со висока доверба кај читателите.

На чело на ВЕЧЕР денес се две дами – Ивона Талевска на позицијата главен и одговорен уредник и Весна Миќиќ Божиновска, заменик главен и одговорен уредник, под водство на генералниот директор Бобан Богдановски Андрески.

Редакцијата на РЕПУБЛИКА го честита 53. роденден на колегите од ВЕЧЕР.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top