Поранешниот шеф на НАТО Андерс фог Расмусен денеска му порача на новизбраниот претседател на САД Доналд Трамп, уште во првите 100 дена од мандатот да делува против „руската агресија“ или ќе го доживее „почетокот на крајот“ на НАТО.
Расмусен кој од 2009 до 2014 беше на генерален секретар на Северноатлантската алијанса смета дека американскиот претседател мора да покаже сила бидејќи, како што наведува, претседателот Владимир Путин „почитува само цвста рака“, пишува весникот Дејли меил.
Во имејлот испратен од консултантската компанија на Расмусен, Расмусен Глобал, се наведува дека балтичките држави и Украина се „блиски пријатели на САД“ и дека треба да подигнат воени бази за да ги заштитат.
-Игнорирањето на овие земји би можело да има далекусежни последици и да го означат „почетокот на крајот“ на системот заснован на американско лидерство, истакнува Расмусен.
Според него, САД исто така мора да иницираат и забрана на летови над Сирија, чија цел е трајно примирје во оваа земја и на тој начин да го примораат претседателот Башар ал Асад да седне на преговарачка маса и да се најде политичко решение за судирот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Метју Палмер во Сараево: Македонија може да стане членка на НАТО до средината на 2020 година
-
Пендаровски: Од јануари очекувам да бидеме на иста маса со НАТО
-
Не се очекува земјите од Алијансата да распоредат ново нуклеарно оружје во Европа
-
Захарова: НАТО му ветил на Горбачов дека нема да се шири кон исток