Изборот на Доналд Трамп за претседател на САД би можел да влијае врз шансите на Лос Анџелес за добивање организација на Летните олимписки игри во 2024 година. Најголем проблем би можело да бидат навредите на Трамп за муслиманите и за Мексиканците, од кои некој од 98-те членови на комитетот да се почувствуваат навредени.
– Тоа може да влијае на изборот за организатор на ЛОИ во 2024 година – изјави Дик Паунд од Канада, кој е најстариот член на Меѓународниот олимписки комитет.
Но, и покрај негативните коментари за Јужна Африка од страна на Трамп, дека таа е замја на хаосот, делегатот од Јужна Африка, Сем Рамсами, изјави дека изборот на новиот претседател на САД нема да го промени неговото мислење.
– Тој беше непристоен кон сите, но не верувам дека тоа ќе биде пресудно околу изборот на организаторот на игрите – изјави Сем Рамсами.
Победата на Трамп му ја честита и претседателот на ИОК, кој воедно му посака и се најдобро во неговиот мандат.
Доналд Трамп досега воопшто не бил поврзан со Олимписките игри, за разлика од неговата конкурентка Хилари Клинтон, коjа беше поддржувач на пропаднатата кампања Њујорк. Досегашниот претседател Барак Обама присуствуваше на гласањето во 2009 година во Копенхаген, кога Чикаго се бореше да ја добие организацијата на Игрите во 2016 година, која подоцна му припадна на Рио.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.