| четврток, 6 декември 2018 |

Пуч во СДСМ за спас од последиците по 11 декември

Го зна­е­те ви­цот за две­те јаг­ни­ња што се пра­шу­ва­ат: „Да­ли ве­ру­ваш во жи­вот по Кур­бан- ба­јрам?“ Но­ва­та вер­зи­ја во СДСМ е „Да­ли ве­ру­ваш во пар­ти­ја по 11 де­кем­ври?“ Но, вр­ху­шка­та не ја де­ли за­гри­же­но­ста на членс­тво­то за пар­ти­ја­та, таа е за­гри­же­на за се­бе. Не­ми­нов­но­ста на по­ра­зот пов­ле­ку­ва и од­го­вор­ност. Ра­ко­водс­тво­то се пла­ши за сво­ја­та ег­зи­стен­ци­ја. И по­ли­тич­ка и таа на сло­бо­да. За­тоа, свес­но за по­ра­зот, си смис­ли и ос­тва­ри од­лич­на от­стап­ни­ца. Нов куп пос­луш­ни­ци од ли­сти­те за пра­те­ни­ци, но­во­пе­че­ни со­ци­јал­де­мо­кра­ти што ќе „ја­дат жи­ви лу­ѓе“ во од­бра­на на сво­и­те твор­ци. Ви­со­ко на ме­ни­то на но­ви­от пра­те­нич­ки со­став ко­ти­ра­ле ток­му ста­ри­те со­ци­јал­де­мо­кра­ти...

По­ве­де­ни од, са­мо за нив, „ус­пеш­на­та“ тран­зи­ци­ја од 90-ти­те го­ди­ни на ми­на­ти­от век, ко­ја соз­да­де грст моќ­ни­ци со „ми­ни­мал­на“ ко­ла­те­рал­на ште­та од сто­ти­ци ил­ја­ди гра­ѓа­ни без ра­бо­та, СДСМ, очиг­лед­но, се вра­ќа кон ко­ре­ни­те. Но, овој пат, чи­ра­ци­те За­ев и Ше­ќе­рин­ска ре­цеп­тот не го упо­тре­би­ја на мај­сто­рот Цр­вен­ков­ски за ур­ни­су­ва­ње на др­жа­ва­та и на неј­зи­ни­от имот. Јок. Не се на власт, па, за нив­на жал, таа мож­ност им е скра­те­на. Ту­ка и Ка­ти­ца не мо­же да им по­мог­не. Па удри­ја по пар­ти­ја­та. И си ја при­ва­ти­зи­раа. Во ко­сопс­тве­ниш­тво со Со­рос, се раз­би­ра…

Фа­те­ни во тес­но и со скра­те­ни ре­сур­си и ов­ла­сту­ва­ња, ра­ко­водс­тво­то го иско­ри­сти на­у­че­но­то, па, пре­ку ис­про­ба­на­та фор­му­ла, во две­го­диш­на тран­зи­ци­ја си ја при­ва­ти­зи­ра­ше пар­ти­ја­та. Фа­ктот ги рас­тре­во­жи ста­ри­те „ко­му­ња­ри“, но нив­на­та ре­ак­ци­ја е за­доц­не­та и пре­диз­ви­ка­на од лич­ни по­бу­ди. По­бу­да­та се ви­ка пра­те­нич­ко ме­сто, кое не го до­би­ја, а чиј­што не­до­стиг ги све­сти де­ка ли­де­рот под­го­тву­вал пуч и во пар­ти­ја­та?! Еу­ре­ка! Па зар, по сѐ што се слу­чи до­се­га, до­тич­ни­те се по­сом­не­ваа во не­го­ви­те пу­чи­стич­ки ква­ли­те­ти? Нив­ни­от бе­стра­шен ли­дер тре­ба­ше одам­на да ги уве­ри сво­и­те „не­вер­ни То­ми“ де­ка рол­ја­та од­лич­но му при­ле­га. До­бро, за вол­ја на ви­сти­на­та, пр­ви­от пат ак­ци­ја­та и не му бе­ше баш ус­пеш­на и за по­фал­ба, но ако чо­ве­кот учи до­де­ка е жив, зо­што да не го пра­ви тоа и За­ев? Се­те­те се са­мо на „про­гре­сот“ во ин­терв­ју­а­та…

 

ПРЕ­МОЛ­ЧЕ­НО­ТО ОДОБ­РУ­ВА­ЊЕ НА СТА­РИ­ТЕ СО­ЦИ­ЈАЛ­ДЕ­МОК­РА­ТИ ГО СОЗ­ДА­ДЕ ПАР­ТИ­СКИ­ОТ ФРАН­КЕНШ­ТАЈН

Од дру­га стра­на – за раз­ли­ка од пр­ви­от пат, про­тив­ни­кот за спро­ве­ду­ва­ње пуч му е мно­гу по­ле­сен и по­поз­нат, а за зна­е­ње­то на сла­бо­сти­те, мрз­ли­во­ста и за не­ма­ње­то по­ли­тич­ки реф­ле­кси и идеи на ос­ла­бе­ни­те ели­ти­стич­ки при­пад­ни­ци на сопс­тве­на­та пар­ти­ја со си­на крв и да не збо­ру­ва­ме. Се­пак, про­це­сот не е од вче­ра, ни­ту бе­ше не­вид­лив за членс­тво­то и за из­ви­ка­ни­те со­ци­јал­де­мо­кра­ти. Ар­но ама, на За­ев и на Ра­да сѐ им бе­ше про­сте­но и доз­во­ле­но са­мо за да ја ис­пол­нат ос­нов­на­та пре­ми­са на сво­е­то по­сто­е­ње – да го ур­нат Гру­ев­ски. Уште по­ар­но, ама пар­ти­ја­та и то­гаш­ни­те „из­ви­ка­ни“ сло­бод­но мо­жат да го пре­зе­мат име­то на ан­ти­хе­ро­јот на Бри­тан­ка­та Ме­ри Ше­ли. Со­ци­јал­де­мо­кра­ти­те, исто ка­ко и д-р Ви­ктор Фран­кен­штајн, са­ми го соз­да­доа сво­е­то чу­до­ви­ште, кое се­га им ги уни­шту­ва жи­во­тот, иде­а­ли­те и пар­ти­ја­та. Ах, да, и пра­те­нич­ка­та ка­ри­е­ра. Дру­га­та, очиг­лед­на слич­ност е што по­ра­неш­но­то ра­ко­водс­тво на СДСМ и д-р Фран­кен­штајн спо­де­лу­ваа иста цел. И на­ши­те ин­вен­тив­ни поз­нај­ни­ци од „Па­вел Ша­тев“ и на­уч­ни­кот са­каа пре­ку соз­да­ва­ње­то чу­до­ви­ште да ѝ да­дат жи­вот на мр­тва ма­те­ри­ја. Во пр­ви­от слу­чај на мр­тва пар­ти­ја, во вто­ри­от на мр­тво чо­веч­ко тки­во. Во пр­ви­от слу­чај им тре­баа „бом­би“ за да ожи­вее, во вто­ри­от „стру­ја“. И ли­кот на Ше­ли и ан­ти­ју­на­ци­те, воз­љу­бе­ни во БЦ, упо­тре­би­ја раз­лич­но тки­во. Д-р Фран­кен­штајн сво­е­то чу­до­ви­ште го скло­пи од по­ве­ќе мр­тви те­ла, а кај то­гаш­на­та СДСМ во кр­пе­ни­ца­та се вме­шаа тки­ва од Со­рос, раз­ни ча­до­ри, „нев­ла­ди­ни“ ор­га­ни­за­ции и ду­зи­на из­ди­ша­ни ква­зи­ин­те­ле­кту­ал­ци. Ед­но­став­но, си­те што не­маа по­па­мет­на ра­бо­та, а исто­вре­ме­но мо­раа да им при­ка­жат на фи­нан­си­е­ри­те или од­го­вор­ни­те де­ка, де­мек, ра­бо­тат не­што Не слу­чај­но, пр­во­то из­ле­зе не­ве­што чу­до­ви­ште од 2,5 ме­три, а вто­ро­то не­раз­бир­ли­ва, ели­ти­стич­ка и ана­ли­тич­ка твор­ба. Ка­ко што би­ва во на­род­ни­те пре­да­ни­ја, кои тие не ги чи­та­ат за­тоа што тоа е ли­те­ра­ту­ра за „сто­ка“, од мно­гу­те мај­ки ис­пад­на ки­ла­во де­те, или ки­ла­ва пар­ти­ја.

Иден­тич­но ка­ко и во де­ло­то на Ме­ри Ше­ли, и на­ше­то по­ра­неш­но си­но, а се­га ша­ре­но чу­до­ви­ште се свр­ти кон тво­ре­цот. Соз­да­ден да го уни­шти ВМРО-ДПМНЕ, со­ци­јал­де­мо­крат­ски­от Фран­кен­штајн ја до­те­па сопс­тве­на­та пар­ти­ја. На­стра­на реј­тин­гот. Ве­ќе одам­на За­ев и Ше­ќе­рин­ска це­лос­но го сме­ни­ја на­чи­нот на дејс­тву­ва­ње и ими­џот на СДСМ. Од, де­мек, европ­ски и де­мо­крат­ски на­стро­е­на, ма­кар ели­ти­стич­ка „на­пра­ви­ја“, се­га има­ме ју­риш­нич­ка по­пу­ли­стич­ка про­ал­бан­ска пар­ти­ја об­ла­го­ро­де­на со ред кри­ми­но­ге­ни еле­мен­ти и чле­но­ви. Чуд­но, но ели­тиз­мот е единс­твен пи­реј во пар­ти­ја­та што ги пре­жи­веа про­ме­ни­те…

 

ЗА­ЕВ РЕ­ЦЕПТ: КА­КО ДА СЕ ОС­ЛО­БО­ДИ­ТЕ ОД НЕ­ПОС­ЛУШ­НИ­ТЕ ПА­РИ­СКИ ЧЕ­ДА?

Пос­ле­ден проб­лем што ја на­ру­шу­ва­ше удоб­но­ста и ко­мо­ди­те­тот на вр­ху­шка­та беа ста­ри­те, поз­на­ти и приз­на­ти со­ци­јал­де­мо­кра­ти. Да, тие што го вло­жи­ја жи­во­тот во пар­ти­ја­та и ма­ко­трп­но ра­бо­теа на прет­ход­ни­от имиџ, ма­кар бил и ла­жен. Труд, кој за ова ра­ко­водс­тво се по­ка­жа ка­ко грев. За по­тсе­ту­ва­ње, сме­на­та во СДСМ не е од вче­ра. Стар­тот на пер­е­строј­ка­та и спро­ве­ду­ва­ње­то на пла­нот за соз­да­ва­ње ја­дро од пос­луш­ни­ци бе­ше оз­на­чен со до­а­ѓа­ње­то на За­ев и на Ше­ке­рин­ска и со ли­сти­те за пра­те­ни­ци на из­бо­ри­те во 2014 го­ди­на. Ре­зул­та­тот на на­ста­пот со „об­но­ве­на­та“ пар­ти­ја го зна­е­ме си­те, а пот­тур­ну­ва­ње­то на тие што ја др­жеа стру­кту­ра­та бе­ше по­ра­ди двој­ка­та што не тр­пи про­ти­вре­че­ње и про­ти­вар­гу­мен­ти. То­гаш, „из­го­реа“ Ма­кра­ду­ли, Бен­дев­ска, Пе­тров, Ива­нов­ски, Ге­ор­ги­ев, Пав­лов­ска – Да­не­ва, Стан­ко­виќ, Ту­ше­ва, Са­во­ва, То­миќ и др. Нив­ни­те ме­ста ра­дос­но ги за­зе­маа то­гаш но­ви­те Ши­ле­гов, Бо­го­ев, Де­ско­ска. Се­га, пак, не­ло­гич­но оси­ле­на од две­го­диш­ни­те глу­пи­ра­ња, чуд­на­та вр­ху­шка ре­ши да си спро­ве­де це­лос­на пер­е­строј­ка, ата­ви­зам од ко­му­ни­стич­ки­те пред­ци. И ако на прет­ход­ни­ци­те за пер­е­строј­ка­та им тре­ба­ле пе­то­ле­тки, За­ев и за­ме­нич­ка­та ја сток­ми­ја ро­ка­да­та за са­мо две го­ди­ни. Без пар­дон, сме­ни­ја сѐ жи­во во пар­ти­ја­та, це­лос­но ги „на­па­ди­ја“ ста­ри­те со­ци­јал­де­мо­кра­ти и си до­не­соа свои, про­ве­ре­ни че­да. „Че­да на Ма­ке­до­ни­ја“, ка­ко што ги на­ре­че За­ев. Се­га, из­го­реа и „пре­жи­ве­а­ни­те“ од прет­пос­лед­ни­от со­став ка­ко Ни­ко­лов и Ор­цев. Иск­лу­чок и уни­кат оста­на Оли­вер Спа­сов­ски. Не пре­жи­веа ни­ту „шо­фер­ка­та“ Ди­мо­ва, ни­ту бор­бе­ни­от пар­ла­мен­та­рец Су­га­ре­ски. Не­ма­ше сре­ќа ни из­ви­ка­на­та Ку­нов­ска. Чу­му не ги за­до­во­ли­ја ба­ра­ни­те ква­ли­те­ти од За­ев? Ед­но­став­но, очиг­лед­но, во нив има­ло пре­мал­ку омра­за и уште по­мал­ку пос­луш­ност. Из­бра­ни­ци­те, пак, ка­ко ка­ла­пе­ни – мра­зат ли мра­зат, си­те пос­луш­ни и во­де­ни од па­ра­до­ксал­на­та пре­ми­са „кој по­ве­ќе мра­зи, по­ус­пеш­но му се ра­ду­ва на жи­во­тот во пар­ти­ја­та“. Ше­га­та пред со­ци­јал­ни­те ко­о­пе­ра­ции (за­тоа што мре­жи­те се по­ка­жаа ка­ко ан­ти­со­ци­јал­ни) е де­ка СДСМ има сре­ќа што Џин Ро­ден­бе­ри, авто­рот на „Ѕвез­де­ни па­те­ки“, е по­чи­нат во 1991 го­ди­на (иста­та ко­га без по­бе­да прв­пат дој­доа на власт?!), за­што, во спро­тив­но, би ги ту­жел за це­лос­но пре­зе­ма­ње и ко­пи­ра­ње на не­го­ви­те Бор­ги. Су­штес­тва што во­де­ни од сопс­тве­на­та иде­ја за не­ка­ква си нив­на пер­фек­ци­ја аси­ми­ли­ра­ат сѐ што мис­ли по­и­на­ку. И жи­ве­ат во „ко­ле­ктив“. Или бе­ше Пле­нум…

analiza219-2

ОТ­СТАП­НИ­ЦА ЗА СПАС ОД ПОС­ЛЕ­ДИ­ЦИ­ТЕ ПО 11 ДЕ­КЕМВ­РИ

Не слу­чај­но, но, ед­но­став­но, и без тро­шка гри­зе­ње на со­ве­ста, ми­на­ти­те две го­ди­ни ра­ко­водс­тво­то те­ра­ше ти­вка тран­зи­ци­ја и си ја до­не­се си­на­та ООЗТ на ра­бот. Но СДСМ ве­ќе не е пар­ти­ја во „сло­бо­ден пад“, ни­ка­ко. Во мо­мен­тов, СДСМ е во за­ден план, а нај­важ­ни се лич­ни­те суд­би­ни на не­кол­ку­ми­на. Со це­ло­то ра­ко­водс­тво што се­га ѝ ско­ка на гла­ва „за­си­ле­но“ со сво­и­те ша­ре­ни до­маш­ни ми­ле­ни­чи­ња, Со­ро­со­ви че­да, ква­зи­ин­те­ле­кту­ал­ци и зе­ле­ни дал­то­ни­сти, пар­ти­ја­та одам­на е нич­ко­са­на и заг­ла­ве­на во кал­та соз­да­де­на од исти­те не­кол­ку­ми­на без­о­браз­ни по­ли­ти­кан­ти. Тие има­ат про­сто и ед­но­став­но ре­ше­ние за сѐ – тие што не мо­жеа да ги вра­бо­тат во СЈО и во Со­рос, ги ста­ви­ја на ли­сти­те. Са­де „гра­ѓан­ско­то оп­штес­тво“ и не­за­вис­ни ин­те­ле­кту­ал­ци. Та­ка ба­рем твр­дат авто­ри­те на нај­но­ва­та опо­зи­ци­ска бур­ле­ска. Ши­ле­гов и За­ев се ма­чат и зе­ма­ат за­бр­за­ни кур­се­ви по ал­бан­ски ја­зик, но исто­вре­ме­но со Ше­ќе­рин­ска мно­гу му се ра­ду­ва­ат на но­ви­от со­став – откро­ве­ние. Ова за нив е од­ли­чен со­став за по­раз на из­бо­ри, по­до­бар здрав­је.

На де­нот ко­га во не­го­ва­та бли­ска оп­шти­на Ва­си­ле­во, по­точ­но во се­ло Гра­до­шор­ци, жи­те­ли­те го прос­ла­ву­ваа „Де­нот на пра­зот“, со­сед­ни­от стру­мич­ки гра­до­на­чал­ник и дру­ги­от дел од ели­ти­стич­ка­та вр­ху­шка го сла­веа „Де­нот на по­ра­зот“. Да, ра­ко­водс­тво­то на исти­от ден 6.11.2016 го­ди­на си на­пра­ви од­лич­на от­стап­ни­ца за прет­стој­ни­от по­раз на из­бо­ри­те. Соз­да­де ли­сти на пос­луш­ни­ци, пред­во­де­ни од уште по­го­ле­ми по­чи­ту­ва­чи на нив­ни­от лик и де­ло, лу­ѓе што по 11 де­кем­ври ќе си ја зас­лу­жат до­вер­ба­та и пра­те­нич­ка­та пла­та.

Зна­е­те, по по­ра­зот на из­бо­ри­те, кој до­а­ѓа за по­мал­ку од еден ме­сец, не­кој ќе тре­ба да по­не­се од­го­вор­ност за не­го. За жал, при­ти­со­кот на стран­ци­те и тол­ку ми­лу­ва­на­та „ме­ѓу­на­род­на“ за­ед­ни­ца се­га е ја­сен. Овој пат не­ма не­приз­на­ва­ње на из­бо­ри­те. И „шу пра­и­ме“ се­га? Вр­ху­шка­та не­ма да мо­же да се ва­ди на не­бу­лоз­ни­те фал­си­ку­ва­ни из­бо­ри ка­ко ми­на­ти­от пат, а тоа зна­чи (оми­ле­ни­от збор на Ка­ти­ца, но во по­и­на­ква, со­од­вет­на ко­но­та­ци­ја) де­ка ќе мо­ра да „па­ѓа­ат гла­ви“. Што мис­ли­те, кој ќе мо­ра да ја по­не­се од­го­вор­но­ста за но­ви­от де­бакл? Ве­ро­јат­но вр­ху­шка­та на пар­ти­ја­та. А таа, со­се­ма слу­чај­но, не­ли, си да­де до­бит­ни пра­те­нич­ки ме­ста. Иму­ни­те­тот е „при­де“. Си обез­бе­ди­ја пра­те­нич­ки пла­ти за след­ни­те пет го­ди­ни (че­ти­ри и ед­на апа­на­жа) и нов пра­те­нич­ки со­став, кој ќе ја­де „жи­ви лу­ѓе“ за од­бра­на на исто­то тоа ра­ко­водс­тво, кое ги на­пра­ви лу­ѓе. Га­стро­ном­ско-по­ли­тич­ки­те поз­на­ва­чи ве­лат де­ка ста­ри­те со­ци­јал­де­мо­кра­ти ко­ти­ра­ле ви­со­ко на нив­но­то ме­ни…

 

НЕ­КО­МУ ПЛА­ТА, НЕ­КО­МУ СЛО­БО­ДА

Овој пат, за дел од чел­ни­ци­те, не е во пра­ша­ње са­мо по­ли­тич­ка­та ка­ри­е­ра. Ни­ту биз­ни­сот, кол­ку тен­де­ри­те и ки­ри­и­те да би­ле сла­тки за не­ко­го. Не. Овој пат во за­лог е не­што мно­гу по­се­ри­оз­но. Овие две-три го­ди­ни, СДСМ по­сто­ја­но се „бо­ри“ за из­мис­ле­на сло­бо­да. Ап­стракт­на имен­ка, за­тоа што не мо­же да по­со­чи ре­а­лен проб­лем, ни­ту да ре­ши. За­тоа, ја вра­ќа сло­бо­да­та. За не­ко­го, пак, таа сло­бо­да и не е тол­ку ап­стракт­на имен­ка. По­точ­но, ли­де­рот на СДСМ и на­та­му се со­о­чу­ва со две те­шки об­ви­не­ни­ја за „Пуч“ и за „По­ткуп“. За раз­ли­ка од по­ли­тич­ки­от цир­кус на Ка­ти­ца Ја­не­ва на­со­чен кон по­ли­тич­ки­те опо­нен­ти, ка­де што сѐ се те­ме­ли на евен­ту­ал­ни раз­го­во­ри из­ва­де­ни од кон­текст и на пу­ста жел­ба за ме­ди­ум­ска сен­за­ци­ја без тро­шка до­ка­зи, во пр­ви­от слу­чај на ли­де­рот на СДСМ има­ме кон­крет­но приз­на­ние на еден од об­ви­не­ти­те, а во вто­ри­от и ви­де­о­до­ка­зи. Се бо­ри ли не­кој во СДСМ, ко­неч­но, на­ви­сти­на, за сло­бо­да? А за еден ме­сец сле­ду­ва из­бо­рен по­раз, кој не ќе сме­е­те да не го приз­на­е­те… Бе­ља. Да, оваа но­ва, пос­луш­на пра­те­нич­ка ли­ста е по­ве­ќе од не­оп­ход­на. Ве­лат де­ка со­ста­вот бил „осве­жу­ва­ње“. Де­фи­ни­тив­но. Од­ли­чен осве­жу­вач за на­де­жи­те на вр­ху­шка­та за по­ли­тич­ка и сло­бод­на ег­зи­стен­ци­ја…

Пишува: Љупчо Цветановски
(Текст објавен во 219. број на неделникот „Република“, 11.11.2016)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top