| четврток, 6 декември 2018 |

Попоски: ЕК да го смени пристапот на повторени препораки без преговори

nikola-poposki-2

Вицепремиерот и министер за надворешни работи на Република Македонија, Никола Попоски во рамки на Меѓународната конференција за миграции во Виена се обрати на панел на високо политичко ниво „Европски политики за мигранти и бегалци – Што потоа”.

Како што соопшти МНР, во обраќањето Попоски истакнал дека постои стравување во европски рамки дека може да се повтори 2015 година со масовни хаотични миграциски движења.

– Тоа може да доведе до низа еднострани одлуки од земјите членки на ЕУ. Во крајна линија и суспензии на слободата на движење. Во година кога неколку членки имаат избори ризиците од политизација се многу поголеми. Сегашниот ред е резултат на контролите што се воведоа за спречување нелегални премини и на Договорот ЕУ-Турција. Едно е јасно, притисокот не е исчезнат туку само се изнајдени привремени решенија, истакнал Попоски.

На конференцијата во Виена најголем дел од разговорите биле за тоа што може дополнително да се направи во овој период на затишје.

На панелот учествуваа и министерот за надворешни работи на Австрија Себастијан Курц, генералниот секретар на ОБСЕ Ламберто Заниер, еврокомесарот Јоханес Хан, потпретседателот на Владата и министер за надворешни работи на Малта Џорџ Вела, со кои на маргините на конференцијата, Попоски имал  билатерални средби.

На средбите, како што стои во соопштението, е разговарано за билатералните односи, набљудувачката мисија на изборниот процес во Република Македонија, Извештајот на Европската комисија и неопходноста да се промени пристапот на повторени препораки без процес на преговори за членство.

– Последното е неопходно да биде поддржано од сите кои и мислат добро на Унијата и се грижат за нејзиниот публицитет, заклучи Попоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top