– За добивање право на користење место за истакнување изборни плакати на наведените паноа, организаторите на изборната кампања доставуваат барање до администрацијата на Град Скопје-Сектор за комунални работи, најдоцна до денот определен за почеток на изборната кампања – 21 ноември 2016 година, до 12 часот. Распоредот на истакнување на изборните плакати се определува со ждрепка, посебно за секој подносител. Ждребот ќе се изврши на 21 ноември 2016 година во 13 часот во Град Скопје – Сектор за комунални работи (булевар Илинден број 82, барака 11.), се наведува во соопштението од Град Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.