| четврток, 6 декември 2018 |

Америка повторно ќе биде голема

Страв, де­фе­ти­зам, не­до­вер­ба во од­но­сот кон из­гра­де­ни­те ме­ѓу­на­род­ни од­но­си, ду­ри и ди­рект­ни по­ви­ци за по­чи­ту­ва­ње на ос­нов­ни­те за­пад­ни де­мо­крат­ски вред­но­сти, што мо­же да би­де до­жи­ве­а­но ка­ко по­ни­жу­ва­ње. Со овие збо­ро­ви не се опи­шу­ва од­не­су­ва­ње­то на но­ви­от шеф на аме­ри­кан­ска­та др­жа­ва, ту­ку од­не­су­ва­ње­то на свет­ски­те ли­де­ри кои без дип­ло­мат­ски ра­ка­ви­ци ре­а­ги­раа на из­бо­рот на До­налд Трамп

 

goran-momiroski-kol-90x115

Колумнист: Горан Момироски

Иа­ко на си­те и во Бер­лин, и во Па­риз, и во Лон­дон и во Вар­ша­ва им е јас­но де­ка тоа што го го­во­ре­ше Трамп во сво­ја­та кам­па­ња не­ма да би­де спро­ве­де­но ни­ту на ни­во од 20 про­цен­ти, тоа не бе­ше до­вол­но за по­чет­ни по­зи­тив­ни по­ра­ки кон чо­ве­кот кој ни­ту е нај­по­пу­ла­рен ни­ту нај­у­мен од си­те прет­ход­ни аме­ри­кан­ски пре­тсе­да­те­ли, но, во се­кој слу­чај, е нај­хра­бар аме­ри­кан­ски ли­дер. Без раз­ли­ка на ви­со­ко­то ни­во на ег­зи­би­ци­о­ни­зам што Трамп го по­ка­жа во кам­па­ња­та и прет­ход­но во „Ре­ал­ни еми­сии“ на те­ле­ви­зи­ја, тој се впу­шти во до­се­га не­ви­ден су­дир со аме­ри­кан­ски­от по­ли­тич­ки и биз­нис естаб­лиш­мент, гра­ден по­ве­ќе од два ве­ка, и на кра­јот ус­пеа да го по­бе­ди.

Да се твр­ди де­не­ска, ко­га це­ли­от за­па­ден свет пре­ду­пре­ду­ва од опас­но­сти­те од не­го­во­то вла­де­е­ње, де­ка Трамп но­си на­деж, мо­же­би, е не­со­од­вет­но, но за авто­рот на овој текст тоа е ап­со­лут­на ви­сти­на. Да се твр­ди тоа за чо­ве­кот што ги на­вре­ди Афро­а­ме­ри­кан­ци­те, им се за­ка­ни со ѕид на Ме­кси­кан­ци­те, ги уп­ла­ши мус­ли­ма­ни­те, ги на­вре­ди и по­ни­жи же­ни­те зву­чи ка­ко лу­дост, но освен тоа што за не­го гла­саа 42 про­цен­ти од же­ни­те и по­мал број од Хис­па­но­а­ме­ри­кан­ци­те и од Афро­а­ме­ри­кан­ци­те, Трамп мо­же да се по­фа­ли де­ка, се­пак, до­не­се на­деж за не­кол­ку дру­ги гру­пи гра­ѓа­ни. Пред сѐ, на та­ка­на­ре­че­на­та ру­рал­на „бе­ла Аме­ри­ка“, ко­ја по Вто­ра­та свет­ска вој­на по­сто­ја­но е на мар­ги­ни­те на аме­ри­кан­ски­те оп­штес­тве­ни про­ме­ни. „Бе­ла­та Аме­ри­ка“, ко­ја сѐ уште е нај­бро­ен дел од на­се­ле­ни­е­то во САД и нај­го­лем дел од аме­ри­кан­ски­те гла­са­чи, по­сто­ја­но ги гле­да про­ме­ни­те што се од­не­су­ва­ат на мал­цинс­тва­та, но ре­тко ко­га во пос­лед­ни­те де­це­нии не­кој ре­шил да ко­ке­ти­ра со неа ка­ко што тоа го сто­ри Трамп.

Да се твр­ди де­ка ек­стрем­но бо­га­ти­от Трамп е на­деж за си­ро­маш­ни­те Аме­ри­кан­ци е уште ед­на кон­тро­вер­зи­ја што по ба­лан­си­ра­на ана­ли­за из­ле­гу­ва точ­на. Ду­ри и не­го­ви­те ил­јад­ни­ци до­ла­ри ска­пи ко­сту­ми не се преч­ка за на­деж кај ми­ли­о­ни Аме­ри­кан­ци де­ка тој ќе сме­ни сли­ка­та во ко­ја, за сме­тка на ек­стрем­но бо­га­та­та ви­со­ко-сред­на и ви­со­ка кла­са, тие ќе жи­ве­ат по­до­бро, ќе има­ат по­до­бра здрав­стве­на за­шти­та или по­до­бро обра­зо­ва­ние за сво­и­те де­ца.

До­де­ка Афро­а­ме­ри­кан­ци­те, ка­ко ре­зул­тат на за­ко­ни­те со кои се суз­би­ва­ше не­о­прав­да­на­та ди­скри­ми­на­ци­ја про­тив нив, си­сте­мат­ски ста­ну­ваа сѐ по­ва­жен дел од аме­ри­кан­ско­то оп­штес­тво, до­де­ка Хис­па­но­а­ме­ри­кан­ци­те без по­го­ле­ми проб­ле­ми ста­ну­ва аме­ри­кан­ски др­жав­ја­ни, до­де­ка жи­те­ли­те на елит­ни­те град­ски цен­три до­стиг­ну­ваа пла­ти изра­зе­ни во ми­ли­о­ни до­ла­ри, си­ро­маш­на­та, ру­рал­на и пре­теж­но бе­ла Аме­ри­ка го пре­жи­ву­ва­ше за­тво­ра­ње­то на руд­ни­ци­те и фа­бри­ки­те и ја че­ка­ше сво­ја­та шан­са да ка­же што мис­ли и да вли­јае врз пра­ве­цот по кој се дви­жи зем­ја­та што ја из­гра­ди­ле нив­ни­те пред­ци.

Си­те овие лу­ѓе го до­че­каа Трамп со на­деж за по­до­бро и ту­ка не­ма ни­ка­ков спор. Исто ка­ко што е слу­ча­јот со гра­ѓа­ни­те на де­се­ти­ци зем­ји во све­тот ка­де што САД се во­е­но актив­ни или ка­де што има­ат се­ри­оз­на уло­га во по­ли­тич­ки­те и во еко­ном­ски­те со­стој­би. Си­те тие сме­та­ат де­ка Трамп е чо­ве­кот на раз­ум кој ќе ја пре­се­че тра­ди­ци­ја­та спо­ред ко­ја САД има­ат за­да­ча да од­лу­чу­ва­ат за свет­ска­та по­ли­ти­ка и за по­е­ди­неч­ни­те др­жав­ни по­ли­ти­ки се­ко­гаш ко­га за тоа има­ат мож­ност.
Да се твр­ди де­ка Трамп е но­си­тел на про­ме­ни е по­лес­но одо­што да се твр­ди де­ка про­ме­ни­те ќе би­дат по­зи­тив­ни, не са­мо по­ра­ди не­го­ва­та не­кон­вен­ци­о­нал­на кам­па­ња, ту­ку и по­ра­ди су­шти­на­та на аме­ри­кан­ска­та по­ли­ти­ка. Зем­ја­та се­га е раз­лич­на од Аме­ри­ка во вре­ме­то на ина­у­гу­ра­ци­ја­та на Ба­рак Оба­ма. Зем­ја­та е раз­лич­на од вре­ме­то на Ре­ган, а да не го­во­ри­ме за онаа Аме­ри­ка ко­ја се бо­ре­ше со иде­и­те на Мар­тин Лу­тер Кинг или на кла­нот Кју клус до пред са­мо не­кол­ку де­це­нии. Про­ме­ни­те на Трамп мо­же да се раз­ли­ку­ва­ат од не­го­ви­те прет­ход­ни­ци, без раз­ли­ка да­ли би­ле де­мо­кра­ти или ре­пуб­ли­кан­ци, спо­ред нив­ни­от пра­вец.

Кон­зер­ва­тив­ни­те идеи за из­град­ба на ѕид во Ме­кси­ко, остри­от од­нос кон абор­ту­сот и кон исто­по­ло­ви­те бра­ко­ви, изо­ла­ци­о­низ­мот и пов­ле­ку­ва­ње­то од си­те вој­ни во кои учес­тву­ва Аме­ри­ка по­лу­јав­но се са­мо дел од ар­се­на­лот што Трамп ќе го те­сти­ра во ре­ал­на­та по­ли­ти­ка.

kol219-donald-trump-make-america-3

Трамп, прес­ме­та­на праг­ма или обич­на лу­дост?

По­ли­тич­ки­от мар­ги­на­лец кој го­ди­на­ва не е ни ме­ѓу пр­ви­те 100 нај­бо­га­ти Аме­ри­кан­ци има­ше хра­брост (мно­гу­ми­на ве­лат и лу­дост) да се втур­не во би­тка со ин­сти­ту­ци­о­нал­на­та стру­кту­ра што ја на­пра­ви Аме­ри­ка нај­сил­на зем­ја во све­тот со нај­лош гло­ба­лен имиџ. Биз­нис­ме­нот на при­вре­ме­на ра­бо­та во по­ли­ти­ка до­бро прес­ме­та де­ка во про­це­сот на свет­ска до­ми­на­ци­ја САД до­ма ги за­гу­би­ја вред­но­сти­те врз ос­но­ва на кои та­тков­ци­те на на­ци­ја­та и нив­ни­те нас­лед­ни­ци ја гра­де­ле др­жа­ва­та и ко­ке­ти­рај­ќи па­ра­лел­но со прин­ци­пи­те на на­ци­о­на­ли­зам, со­ли­дар­ност, до­ми­на­ци­ја на гру­па­та ВАСП (White anglo saxon Americans), единс­тво, еко­ном­ска сло­бо­да, па, ако са­ка­те, и кре­а­тив­ност, вле­зе во Бе­ла­та ку­ќа. Кон­тро­верз­ни­от Трамп не е чу­дак, се­пак се ра­бо­ти за прес­ме­тан чо­век кој до­бро го опи­пал пул­сот на гра­ѓа­ни­те и сфа­тил де­ка со не­кон­вен­ци­о­нал­на кам­па­ња мо­же да го раз­бу­ди ду­хот на на­ро­дот зас­пан во аме­ри­кан­ски­от сон што го про­да­ва­ат ме­ди­у­ми­те.

Ток­му ме­ди­у­ми­те се тие што се нај­го­ле­ми гу­бит­ни­ци на овие из­бо­ри за­ед­но со кла­нот Клин­тон. Трамп по­ка­жа де­ка во­деч­ки­те аме­ри­кан­ски ме­ди­у­ми, ка­ко „Њу­јорк тајмс“ или „Си-Ен-Ен“, ја гу­бат вр­ска­та со пуб­ли­ка­та, но и би­тка­та со со­ци­јал­ни­те ме­ди­у­ми кои ни­кој не мо­же да ги ста­ви под кон­тро­ла освен са­ми­те гла­са­чи. „Тви­тер“ и „Фејс­бук“ из­ле­гоа по­бед­ни­ци во би­тка­та со ми­ли­јар­ди вред­ни­те ме­ди­у­ми, чи­и­што но­ви­на­ри, ка­ко што ви­дов­ме во еле­ктрон­ски­те по­ра­ки об­ја­ве­ни од „Ви­ки­ликс“,ги пра­ќа­ле сво­и­те тек­сто­ви на про­вер­ка во ка­би­не­тот на Клин­тон. Нив­ни­от по­раз од Трамп мо­же да до­не­се и по­зи­тив­ни ра­бо­ти во аме­ри­кан­ски и во свет­ски рам­ки, но са­мо до­кол­ку тие се­га, на­ме­сто да се свр­тат кон се­бе и сво­и­те про­пу­сти по­го­де­ни од су­е­та­та, вле­зат во вој­на со Трамп.

 

Зо­што све­тот е на стра­на­та на Трамп?

Иа­ко го­лем дел од лу­ѓе­то низ све­тот што во ан­ке­ти­те по­ка­жу­ваа нак­ло­не­тост кон Трамп си играа мај­тап и се­ир­џи­ски по­са­ку­ваа на САД да им се слу­чи цир­кус, во та­кви­от став има и под­ла­бо­ки без­бед­нос­ни, со­ци­јал­ни, еко­ном­ски и по­ли­тич­ки при­чи­ни. Хи­ла­ри Клин­тон е дел од си­сте­мот на Оба­ма, кој ка­ко ни­ко­гаш до­се­га по Ку­бан­ска­та ра­кет­на кри­за ја вра­ти опас­но­ста од тре­та свет­ска вој­на ка­ко ре­ал­на мож­ност во ме­ин­стрим ме­ди­у­ми­те низ све­тот. Огро­мен број лу­ѓе низ све­тот гле­да­ат по­зи­тив­но на по­зи­тив­ни­те по­ра­ки што Трамп му ги упа­ту­ва­ше на Пу­тин. Уште по­ве­ќе лу­ѓе со по­зи­тив­ност гле­да­ат на пла­нот на Трамп да ги пре­ки­не во­е­ни­те опе­ра­ции на САД во кои ги­нат те­ро­ри­сти, лу­ѓе што на­пра­ви­ле ге­но­цид, но и не­долж­ни ци­ви­ли. Не е мал бро­јот и на тие што им пре­чи аме­ри­кан­ска­та хе­ге­мо­ни­ја и кои се на­де­ва­ат де­ка оби­дот на Трамп да го вра­ти во игра изо­ла­ци­о­низ­мот ка­ко над­во­реш­но­по­ли­тич­ки мо­дел ќе при­до­не­се за на­ма­лу­ва­ње на тен­зи­и­те во го­лем дел од све­тот.

Во овој кон­текст ни­ту Ма­ке­до­ни­ја ни­ту оста­на­ти­те зем­ји што да­доа огром­на под­др­шка за Трамп не тре­ба да се на­де­ва­ат на те­ктон­ски про­ме­ни. Трамп, иа­ко од ја­ну­а­ри ќе би­де нај­мо­ќен чо­век на све­тот, за си­те свои по­ли­ти­ки ќе тре­ба да се кон­сул­ти­ра, а во мно­гу слу­чаи и да до­бие зе­ле­но свет­ло за про­ме­на на аме­ри­кан­ска­та по­ли­ти­ка, со пет­на­е­се­ти­на фе­де­рал­ни аген­ции и ин­сти­ту­ции кои се­ко­гаш го има­ат нај­важ­ни­от збор во кре­и­ра­ње­то на по­ли­ти­ка­та. Прес­ме­та­ни­от Трамп си­гур­но не­ма да оди про­тив ин­те­ре­си­те на САД, осо­бе­но ко­га по­до­бро ќе се ин­фор­ми­ра за ре­ал­на­та со­стој­ба на те­рен, без раз­ли­ка да­ли се ра­бо­ти за ИСИС, Бо­ко ха­рам или за фун­да­мен­та­ли­сти­те на Бал­ка­нот.

kol219-donald-trump-make-america-2

Па­ри­те и Трамп

Спо­ред ли­сти­те на ма­га­зи­нот „Форбс“, До­налд Трамп го­ди­на­ва е на 156. ме­сто од 400 ран­ги­ра­ни нај­бо­га­ти Аме­ри­кан­ци, што му да­ва сло­бо­да да не при­фа­ќа ка­кви би­ло фи­нан­си­ски не­при­стој­ни по­ну­ди во за­ме­на за из­врш­ни ре­ше­ни­ја на ште­та на САД. Ми­на­та­та го­ди­на бил ран­ги­ран на 121. ме­сто. Во свет­ски рам­ки се­га е на 324. ме­сто ме­ѓу си­те ми­ли­јар­де­ри, а во 2015 го­ди­на бил 72 нај­мо­ќен чо­век на све­тот. Пред три го­ди­ни бил 30. нај­поз­на­та лич­ност на ли­ста­та од сто најс­лав­ни лич­но­сти. Со дру­ги збо­ро­ви, Трамп има па­ри, сла­ва и моќ што мо­же да му овоз­мо­жат без­гри­жен пат и под­го­то­вка за втор ман­дат, во кој на­ви­сти­на ќе мо­же да се оби­де да ја на­пра­ви Аме­ри­ка го­ле­ма.

Кол­ку и да зву­чи не­го­во­то мо­то не­ре­ал­но за­тоа што Аме­ри­ка и ва­ка е го­ле­ма, Трамп има исто­ри­ска шан­са нај­пр­вин да им се из­ви­ни на си­те што ги на­вре­ди, а по­тоа и да ги про­ме­ни не­га­тив­ни­те про­це­си во САД и гло­бал­но. Ма­ке­до­ни­ја во тој кон­текст не тре­ба да оче­ку­ва ни­што спе­кта­ку­лар­но освен прин­ци­пи­ел­ни од­но­си пол­ни со по­чи­ту­ва­ње на раз­лич­ни­те ин­те­ре­си. Под­др­шка­та што Трамп ја до­би од Ма­ке­дон­ци­те во САД е до­бар по­че­ток за од­нос ба­зи­ран на по­чит и искре­но при­ја­телс­тво.

(Текст објавен во 219. број на неделникот Република, 11.11.2016)

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top