Драма и руски рулет се најчестите натписи во аргентинските весници ден по катастрофалниот пораз од Бразил во Бело Хоризонте со 3-0. Лео Меси не остана имун на критиките и потврди дека играта на „гаучосите“ била срање.
– Доаѓаме после период на многу негативни резултати и на првиот удар, не сме во состојба да реагираме. Мислам дека мора итно да ја смениме оваа инерција. До првиот гол бевме добро поставени на теренот, потоа се загубивме, нашата игра беше срање. Ова е најтежок момент во мојата репрезентативна кариера и треба да се обидеме и верувам дека луѓето во Сан Хуан ќе ни дадат поддршка. Сакавме да играме на контранапади, дури и на почетокот верував дека тоа е можно, но по примениот гол секој наш обид да се вратиме беше неуспешен. Имаме уште многу натпревари, седум натпревари и имаме шанси да се квалификуваме. Треба да мислиме позитивно и итно да го смениме чипот – смета фудбалерот на Барселона.
Олимпискиот првак Бразил ги нема тiе грижи, бидејќи игра добар циклус по смената на Дунга и со Титo на клупата не знае за пораз.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.