Само неколку часа откако се роди, фотографиите на Дрим (Сон) Рене Кардашијан веќе се најдоа на интернет. Најновиот член на познатото ријалити семејство е првата ќерка на Роб Кардашијан и неговата свршеница Блек Чајна.
Раперката се породи пред неколку часа во болница во Лос Анџелес. Иако таа е поранешна девојка на раперот Тајга, кој веќе неколку години е во врска со Кајли Џенер, најмладата од сестрите беше прва што на „Твитер“ му честиташе на семејството.
- Не можам да престанам да ја гледам. Честитки Роб и Чајна, таа е повеќе од убава, таа е сон – напиша Кајли.
I can’t stop looking at her 😢 congrats @robkardashian @BLACCHYNA she’s so beyond beautiful, a dream 💕
— Kylie Jenner (@KylieJenner) November 10, 2016
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.