Министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски информираше дека во соработка со ЕУ привршува проектот за реконструкција на железничките станици долж Коридорот 10 и 10 д.
-Целосно ги реконструиравме железничките станици во Велес, Неготино, Демир Капија, Чашка, Табановце, Градско, Богомила и Прилеп. Реконструкцијата на станицата во Битола е во завршна фаза а пред извесно време започнавме со реконструкција и на последната станица во Гевгелија во рамките на овој проект. Инвестицијата е 2.3 милиони евра. Со овој проект како и со набавката на новите возови граѓаните ќе добијат поквалитетни услуги во железничкиот превоз – пишува Мисајловски на Фејсбук.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Мисајловски: Молчењето околу измените на Уставот е една очајна политика на власта за манипулирање на граѓаните
-
Мисајловски: ВМРО-ДПМНЕ има нова енергија, нова надеж и нова понуда
-
Мисајловски: СДСМ набрзо ќе бидат сменети од власт како најслаба и најнеспособна влада во историјата на Македонија
-
Поделено ВМРО значи поделена Македонија