Во присуство на Никола Груевски, претседател на Владата на Република Македонија, Раде Силјан, главен и одговорен уредник на проектот „ Македонски искушенија“, Марјан Цветкоски, директор на Македонската радио-телевизија, како и бројни претставници на културниот, општествениот и политичкиот живот, во „Порта Македонија“, министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска ги претстави првите 8 публикации од едицијата „Македонски искушенија“.
-Проектот „Македонски искушенија“ предвидува печатење на 25 ексклузивни публикации кои произлегоа од документарните филмови посветени на значајни личности, настани, појави и процеси од македонската историја, кои јавноста имаше можност да ги види на Македонската радио-телевизија во изминатиот период. Наша цел беше преку документарните филмови и преку оваа едиција граѓаните на Република Македонија да можат да стекнат многубројни сознанија за познатите и непознатите предели од нашето минато, за најзначајните појави и процеси во поновата историја на Македонија, за борбениот код на македонскиот народ и неговата револуционерна и духовна сила во остварувањето на државотворните цели. Наша цел беше да отвориме нови поглавја од богатото револуционерно и политичко минато на македонскиот народ, нови страници кои комплексно и неселективно ќе ги презентираат настаните и личностите кои се дел од македонската историја и од колективното паметење на македонскиот народ, рече Канческа-Милевска.
Изданијата се авторски труд на многу еминентни македонски професори, историчари и проучувачи на македонската историја, експерти кои својот професионален ангажман и работен век го вложија во истражување на минатото на нашиот народ, на неговиот трнлив пат кон достигнувањето на слободата, државноста и суверенитетот.
-Би сакала во оваа пригода да изразам голема благодарност до сите професори за нивниот придонес во реализацијата на оваа комплексна содржина. Благодарност до: проф. д-р Никола Жежов, проф. д-р Виолета Ачкоска, проф. д-р Зоран Тодоровски м-р Димитар Љоровски Вамваковски, м-р Теон Џинго, д-р Катерина Мирчевска и д-р Мирјана Нинчовска. Како што споменав и претходно, денеска ги презентираме првите 8, од предвидените 25 публикации: Еден век прогонство, Жртви на комунистичкиот режим, Павел Шатев, Тодор Александров, Христо Татарчев, Кузман Јосифовски-Питу, Јане Сандански и Методија Шаторов-Шарло. Овие вредни историски книги во прилог содржат и ДВД- изданија со видеоматеријали со висок квалитет на кои се прикажани документарните филмови кои се авторски дела на нашите познати режисерски имиња: Иво Трајков, Дарко Митревски, Марија Џиџева, Петар Ѓуровски и Александар Русјаков. Во овој контекст би сакала да упатам голема благодарност и до Македонската радио-телевизија и до директорот Маријан Цветкоски, за нивната иницијатива, по подолго време да се изработат документарни филмови со историска содржина кои ќе имаат едукативен карактер и преку кои граѓаните ќе се запознаат подетално со историските премрежиња на нашиот народ, подвлече министерката Канчевска-Милеска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Изложба во Порта Македонија: Дискретна ликовна естетика во делата на Цветанка Јованова
-
Со љубов ќе ве победиме: „Шарените“ ја сквернавеа, „црвено-жолтите“ ја обвиткаа Портата со македонското знаме
-
Четири нови дела од едицијата „Македонски искушенија“
-
НБРМ промовираше две публикации од централнобанкарското работење