| четврток, 6 декември 2018 |

Трамп стигна со „боинг“: Обама го пречека својот наследник во Белата куќа

Актуелниот претседател на САД Барак Обама се сретна денеска во Овалната соба во Белата куќа со новоизбраниот американски шеф на државата Доналд Трамп.

Трамп во Вашингтон пристигна од Њујорк со својот приватен авион и слета на националниот аеродром „Реган“, кој се наоѓа во близина на американскиот главен град.

Додека Трамп разговара со Обама, неговата сопруга Меланија ќе оствари средба со првата дама на САД, Мишел Обама.

Обама рече дека без оглед на сериозните разлики со Трамп, ќе го следи примерот на поранешниот републикански претседател Џорџ Буш во 2008 година и ќе се погрижи предавањето на власта да мине мазно.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top